Таг: голчишта

Најјаките викендашки фудбалски убавини

Многу добро и концизно спакувана компилација од сè она што е задолжително за гледање од богатиот фудбалски викенд. Евроголови, дриблинзи, одбрани...Најдоброто во само 2 минути.

Најјаките 7 голчишта од ЛЕ

Не треба многу да гуслате по нетов за да најдете некој еврогол од Лига Европа. Многу групи се и многу натпревари. Од вкупно 69 погодоци кои паднаа синоќа, ова е најкусата и најдобрата компилација на топ 7.

Седум голчишта од ЛШ кои не се за испуштање

Ако сте гледале мултипренос од синоќешните средби во Лига на шампиони, тогаш сте се изнагледале мајстории во Мадрид, Лондон, Париз и Ајндховен. Ако не сте гледале, тогаш ова е таа задолжителна компилација за вас. Уживанции.

Два еврогола за најавните шпици во Словенија

Горан Бркиќ и Ник Капун од Олимпија Љубљана постигнаа два гола на еден ист меч, за кои џабе е кој голман ќе се најде меѓу стативите.

Топ 10 голови на ЕП У-21

УЕФА нема сместено ниту еден гол на нашите во најтесниот избор, ама затоа 4 од 10 се постигнати токму против Македонија. Избраниците на Боби Милевски одиграа отворено и машки против Шпанија, но примија јаки голчишта.

Најдобрите 20 голови на 20-те премиерлигаши

Ако треба да се избере само еден гол од секоја екипа во Премиер лигата за изминатава сезона, компилацијата би изгледала вака. Магични петици на Жиру и Михтаријан, лудило од ножички на Емре Кан и Енди Керол, шајка на ВБА...

Месец март прераскажан во 3 фудбалски минути

Лудоријата на Депај од пола терен, историската завршница на Барса, голчиштето на Гризман, начинот на кој се пензионираше Подолски од репрезентација и уште неколку јаки моменти се дел од оваа одлична скоцкана компилација на најдобрите фудбалски моменти изминатиот месец.

Топ 10 голови за 2016

Листава е стварно супер и е шаренолика со убави и атрактивни голчишта, ама некако тој на Лас Палмас ни се двои, ем поради асистенцијата, ем поради завршницата.

Ноември низ призма на голови и мајсторски потези

Имаше што да се види минатиот месец во фудбалска Европа, па и пошироко. Од слободниот удар на Меси против Колумбија, волејот и пасот на Погба, дриблингот на Караско, рабоната на Пероти. Уживајте.

30 дена во ноември, 30 голови

За сладокусците на голови кои минатиот месец пропуштиле многу хајлатси, повелете една доста фина компилација на топ 30 голови за ноември, сето тоа одлично зачинето со коментатори. Роналдо го нема, ги има Меси и Бејл, но тие се споредни играчи во однос на другите мајстори на листава каде прв заслужено е голманот со лудите ножички во 95-та.

Топ 4 голчишта од викендов

Холандија и Англија ги донесоа најатрактивните голови овој викенд, а наш фаворит е слободниот удар на фудбалерот од Хераклес.

Кој е најдобриот соло гол на сите времиња?

За голот на 16-годишниот Фабијан Тељо за момент помисливме дека е најдоброто соло голчиште на сите времиња, но порталот 101greatgoals со нивната листа нè натера да размислиме уште еднаш пред да ја донесеме конечната одлука.

Голчишта на денот

Не еден, тука два гола ја одбележаа минатата фудбалска ноќ во Европа.

Најдобрите фудбалски проектили

Во фудбалот постојат два вида на напаѓачи: оние кои додаваат и дриблаат за да дојдат со топката до голот и оние кои ќе „распалат" од прва кога ќе им се укаже шанса. Следните десет припаѓаат на втората категорија.