Таг: генетика

Генетика, привилегија или нешто трето?: тајните на славните семејства

Под „славни“ не секогаш се подразбираат богати и привилегирани семејства, иако тоа е еден од елементите коj на нивните членови им обезбедува поголема шанса за образование и негување на талентите. Но за да ги негуваш талентите треба и да ги имаш.

Биологот кој се самоубил затоа што бил обвинет за измама

Утрински сурфајќи по телевизиските канали за расонување, во кадар ни прелета Дејвид Атенборо и неколку интересни клучни зборови: биолог, жаби, самоубиство. Не бевме раат дур не прочепкавме за што станува збор. 

Никој во Европа не е чист

Најнапредните ДНК анализи ги обесмислуваат оние реакции на континентот дека бегалскиот бран од Блискиот исток ќе ја извалка генетската мапа на Европа. Што се однесува до Балканците, поуката до нив гласи: ако сакате да сте верни на автентичната и повеќе милениуми долга традиција - мотиката в раце.

Премиерите кои се разбираат во сè

Знаете ли вие што се чери томато? - праша старо-новиот српски премиер во неговото фиделкастровско експозе кое го читаше скоро 6 часа. И потоа им објасни на пратениците. Не може попогрешно.

Глобална потрага по двојници на Ван Гог

Ако имате хронично напнат израз на лицето, црвена коса и иста таква брада можете да се пријавите на јавниот повик - наградата е 5000 евра, а вашата глава ќе биде излеана во бронза (без коњ).

„Луѓе и кокошки" (2016)

Кога пишувавме (тука) за „Адамовите јаболка" на Андерс Томас Јенсен се воодушевивме од неговото толкување на библиската приказна за Јов, низ апсурден монтипајтоновски хумор, но и со филозофска задлабоченост. Новиот филм е чекор напред во откаченоста и задлабоченоста, иако не и во гледливоста.

Кинеската студија што сите ја чекаат

За прв пат во историјата научници ќе ја модификуваат ДНК-та на човечки ембрион, на начин на кој таа ќе биде пренесена на следните генерации. Научниците се кинески, исто и ембрионите. Остатокот од светот е нетрпелива публика.

Данците се генетски програмирани да бидат среќни?

Владите на државите кои полошо стојат од Данска на глобалниот индекс на среќата можат да накриват капа: одговорот зошто Данците секогаш се на врвот на среќните луѓе на оваа планета да ти лежел во генетиката.

Зини да ти кажам

Конечно постои сигурен начин да се докаже нечија македонштина: брис од грло. Само уште тоа ни фалеше.