Таг: гарден-центар

Бирање добра садница (дел 2)

Во претходната статија кажав нешто за избор на садница (дрвца и грмушки, костурот на дворот), како да се анализираат сопствените желби и потреби, како и ограничувањата на местото за садење. Овој пат ќе додадам неколку реченици за изборот на самата садница, сезоната за садење и макро и микропозицијата.

Како да одберете гарден-центар?

Бидејќи повеќето луѓе кои планираат да засадат нешто ново во својот двор ќе се активираат со доаѓањето на пролетта, можеби ќе ги интересира каде да појдат да си купат растение. Кои гарден-центри ги има на располагање, посебно за Скопјани?