Таг: фрижидер

Приказни за обичните предмети околу нас

Издавачот Блумсбери започна со интересен проект - објавува кратки книги во електронски формат и на хартија за предмети кои ги користиме секојдневно, но за чија културна историја знаеме малку или ич. На сајтот има и повик за сите кои би биле заинтересирани да пишуваат на ваква тема.

Селото кое само што го доби својот прв фрижидер

Три четвртини од светските домови имаат фрижидер. Од пред некој ден бројката е три четвртини и еден кројач од Индија (кој нормално има мобилен многу пред да има фрижидер), кој е прв во своето село.

Аман заман, не ги ставајте во фрижидер

Нема поголемо задоволство од тоа да загризеш домат, мирисен и месест, тукушто набран од бавча. И покрај привилегијата во земјава да имаме патлиџани на кои остатокот од светот ни завидува, некои од нас прават голема грешка чувајќи ги - во фрижидер. Еве ги научните аргументи зошто тоа не чини.