Таг: франческо тоти

За талентот на Рома кој преку ноќ стана миленик на Јужната трибина

Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.

Едно од најјаките индивидуални мајстории на Тоти

Рома со двата гола на Тоти и еден на Монтела пред точно 13 години го совлада Интер на гости со 2:3. Тренер им беше токму Спалети кој сега седи од спротива. Ако некој гол треба да се издвои, величи и потцрта од кариерата на легендарниот Франческо Тоти, тогаш ова е тој. Ги изеде Камбјасо и Ѕе Марија, а потоа Цезар џабе се истегна. Му аплаудираа и навивачите на Интер. 

Најмрачниот Халоувин во италијанскиот фудбал

Баталете ги хорор фацките за Ноќта на вештерките. Пострашна маска од оваа за италијанскиот, а особено за римскиот фудбал нема и не може да има.

Тоти како Хари Потер, се чека ред за неговата автобиографија

Од утре (27 септември) кога е неговиот 42 роденден, книгата Un Capitano ќе биде пуштена во продажба во цела Италија, а Тоти сака да им подари нешто плус на навивачите на Рома.

Теророт со кој се соочил Тоти во очи на СП 2006

На 27 септември во продажба излегува книгата „Un Capitano“, посветена на еден од симболите на италијанскиот фудбал. Има еден извадок каде Тоти раскажува за најтешката повреда во неговата кариера која му направила голем стрес и му стоела на патот до Мундијалот кој го освои.

Крајот на една ера, почетокот на една легенда

Нема навивач на Рома кој ќе го заборави 28 мај како датум, а и нема да има друг играч од Рома кој ќе биде испратен на таков начин. Тоа беше ден во кој не можеа и не сакаа да се разделат Тоти и неговите фанови, ама мораа.

Пасот на Тоти до Инѕаги, боли глава

Имаше многу што да види синоќа публиката во Милано на прошталниот натпревар на Андреа Пирло. Како беше тоа: Формата е променлива, класата е вечна така? Франческо Тоти има 41 година и само една година како не е активен фудбалер. Ама па и Пипо е оној истиот.

Тоти до Буфон: Драг Џиџи ние сме толку различни, а сепак исти

Ривали на терен со дресовите на Јуве и Рома, соиграчи во репрезентација, пријатели засекогаш. Франческо му пиша кусо писмо на легендарниот голман во најтешкиот крстопат од неговата кариера.

Марадона, Тоти и Пандев, тие се

Мајсторските лоб удари како оној синоќа на Гочето, се вистинска реткост во фудбалот. Треба ептен да го осетиш голманот дека е излезен и да процениш дека нема да ја стигне. Ни текна на уште две ремек дела.

А толку се радуваа кога ја извлекоа Рома

Едно од најслушаните каталонски радио станици RAC1 за време на извлекувањето на паровите за четвртфинале на Лига на шампиони се радуваа што им паднала Рома како да им паднал белоруски второлигаш.

Тоти му должи вечера на Михајловиќ за дебито во Рома

Пред 25 години во Бреша дебитираше најважната 10-ка во историјата на Рома, за многумина најдобар италијански фудбалер на сите времиња. Газета дело Спорт до детали го опишува тој историски ден за Серија А од едно друго време кога уште не постоеше Гугл.

Пазете го лобов на Тоти во балон

По 20 години кариера, греота е да човек да залегне и да се запушти, затоа не е на одмет малку фудбалче со другарчињата. Еднаш мајстор, засекогаш мајстор. Дами и господна, неговото височество: Франческо Тоти.

Најголемите касапи во Серија А со најмногу црвени картони

Уругваецот Паоло Монтеро кој играше за Јувентус е најисклучуваниот фудбалер во историјата на Серија А. На табелата ги има уште и Тоти, Амброзини и Бергоми, а го нема Матераци.

Тоти не го мина курсот за тренери, многу бегал од часови

Легендарната 10-ка на Рома која минатата сезона се прости од играње фудбал се обидува да влезе во тренерски води, ама првиот обид му е неуспешен.

Емотивното видео од збогумот на Тоти доби награда

Испраќањето на Франчесто Тоти во пензија е едно од најемотивните што може да постои кога е во прашање повлекување на некој играч од активно играње фудбал. Во Монтекарло го наградија во конкуренција на 12 други видеа.

Чек, кој е Папа од вас двајца?

Во петокот вечер пријателска средба одиграа Рома и Шапекоензе, организирана со цел да се соберат средства за бразилскиот клуб којшто на 28. ноември 2016 го погоди страшна авионска несреќа. Но Римјаните слабо се одзваа (само 6.000 гледачи) за разлика од навивачите на Барселона кои на 7. август против Шапекоензе дојдоа околу 60.000. По средбата во Рим, делегации и играчи на двата тима отидоа на прием кај Папа Франческо.

Кој ли ќе дели сега вакви топки во Рома?

По 25 години верност и негување маестрален фудбал со многу голови, асистенции и тимска игра, Франческо Тоти од оваа сезона го гледаме скоцкан во ложа. Хранеше плејада на напаѓачи со топки, меѓу нив Монтела, Касано, Батистута, Делвекио, Вучиниќ, Тони...Тие што добро го следeле, му направиле фантастична компилација и тоа само со неговите уникатни додавања на прва.

Последниот дрес на Тоти ќе лебди во вселената

Дресот на иконата на Рома нема да оди кај него дома, кај навивачите или во музејот на клубот, туку на посебно место како еден вид подарок од Рома во согласност со Тоти.

Најлудиот пенал во кариерата на Тоти за кој има книга

На 29. јуни 2000-та Тоти со луда храброст го изведе сега веќе фамозниот пенал, го испружи Ван дер Сар колку што е долг и ја однесе Италија во финале на Европското. Незаборавен гол за филм.

Најлудиот пенал во кариерата на Тоти за кој има книга

На 29. јуни 2000-та Тоти со луда храброст го изведе сега веќе фамозниот пенал, го испружи Ван дер Сар колку што е долг и ја однесе Италија во финале на Европското. Незаборавен гол.

Ќе фалат овие момци

Сезоната 2016/2017 ги носи во заслужена пензија: Франческо Тоти (40), Филип Лам (33), Чаби Алонсо (35), Џон Тери (36), Дирк Кајт (36) и Максвел (35). Сите име до име и сите со кариери за почит кои ќе се раскажуваат во книги. Првиот имаше испраќање како Бог, а последниот е рекордер со 37 трофеи. Капа доле за сите вас.

Плоштад Франческо Тоти, VIII крал на Рим

Колкаво е значењето на Тоти во главниот град на Италија покажува и денешното изненадување кое го направија Романистите на еден од нивните историски плоштади каде се собираат. Ако е до нив, ова веднаш би го реализирале.

Балотели ја оплеска со поздравот до Тоти

И покрај сè...денеска фудбалскиот свет ќе загуби голем шампион. Почит за големиот капитен, напиша Марио Балотели на социјалните мрежи. Сè ќе беше во ред ако само постираше друга слика, бидејќи оваа е од годинашното римско дерби одиграно на 30 април на кое Лацио ја совлада Рома со 3:1, а на сликата со Тоти во позадина се навивачите на Лацио кои слават.

Колку заработил Тоти за 24 сезони во Рома

Иако финансискиот дел од приказната меѓу Рома и Тоти е во втор план, а тој ќе заработеше многу повеќе ако заминеше во поголем клуб, сепак овде првенствено зборуваме за две работи, верност и љубов, а не за пари. Со 24 годишниот работен стаж, капитенот ќе може да ужива во длабока пензија.