Таг: фотографии

Пример за „сечена-лепена-монтирана“ фотографија од 1902

Лажните вести и монтираните фотографии ги поврзуваме со современите технологии, кои им нудат можност дури и на понеписмените во оваа област да експериментираат или намерно да манипулираат. Ама човечката природата одамна била лажовна, па дури и кога било покомплицирано, фотографиите се „фотошопирале“ рачно.

Верниците кои пијат змиски отров за да ја докажат својата вера

Фотографот Роберт ЛеБланк со својот објектив го регистрира животот во мал град во срцето на Апалачите, каде верниците кои припаѓаат на конгрегација наречена Куќа на Исус даваат сè од себе да одржат со векови стар ритуал.

Човекот кој спојува семејства со одамна загубени фотографии

Дејвид Гутенмахер ја потврдува тезата дека она што за еден човек е отпад, за друг може да биде богатство. Откако наишол на збирка стари, оштетени фотографии почнал да ги реставрира, но отишол и чекор понатаму - влегол во потрага по нивните сопственици.

Компјутерите се магија

Експериментален сервис за слики со користење на GFP-GAN (мхм и на нас ни е исто толку јасно па го викаме магија) речиси целосно реставрира стари фотографии, главно ликови, до ниво за кое некогаш беа потребни денови работа и кликање во Фотошоп.

100 нешта кои ги загубивме поради интернет: во слава на неуспешните фотографии

Денес е реткост човек да види лоша слика. Дури и кога нема да се погоди, таа веднаш се брише. Зошто ни е нешто помалку од совршено? 

Девојките од лифтовите

Што значи жена во Јапонија?

Нова книга: бизарни семиња и овошки од целиот свет

Фотографот Левон Бис го разоткрива неверојатниот свет на репродукцијата на растенијата.

Фотографот кој осум години пешачи низ светот по патот на човечката миграција

Двократниот добитник на Пулицер, Пол Салопек, го документира светот на неговиот глобален повеќегодишен пат наречен „Излегување од рајот“ (Out of Eden Walk).

Телото по 50-тата: фотографско претставување на женското зреење

Во тек на една година, Понч Хокс фотографиралa повеќе од 400 голи жени на возраст од над 50 години, како обид за решавање на еден проблем - тoa што генерално не знаеме како изгледаат телата на постарите жени, кои поп културата и рекламите често ги претставуваат како само малку по „изабена“ верзија на оние младите.

Уметност во време на пандемија: фотографии премачкани со дезинфициенс

Веројатно нема побуквален начин фотографски да се забележи периодов низ којшто поминуваме, отколку самите фотографии да го содржат она што го ставаме на нашето тело. Средства за заштита од бактерии, вируси и од лоши мисли.

Антрополошка збирка „скриена“ повеќе од еден век

Британскиот колонијален антрополог Норткот Томас направил илјадници фотографии и аудио снимки на мажи, жени и деца од западна Африка помеѓу 1909 и 1915. Повеќе од сто години тие не биле презентирани во јавноста. До сега.

Фотографии од детски мечти

Фотографот Крис де Бод, во соработка со организацијата „Спасете ги децата“, тргнал да визуелизира соништа. Речиси ниту едно од децата со кои разговарал не било прашано до тогаш што е тоа по што мечтае, што го посакува. Детските желби се трогателно мали - доволно е да можеш да се грижиш за растенија, и да возиш такси. 

Како изгледа болката?

Фотограф од Њујорк живее со хронична болка во ’рбетот. Одлучил својата и болката на своите блиски да ја визуелизира низ фотографии.

Лени Кравиц како (добар) фотограф

Во галеријата Лајка германскиот град Ветцлар музичарот отвори фото-изложба под наслов „Скитник“ (Дрифтер).

Зошто „краво една“ треба да биде комплимент?

Има така некои необични изданија кои пленат со својата наводна бескорисност. На пример книга со фотографии на крави од цел свет.

„Земја“: нова бесплатна интерактивна книга на НАСА

Новото издание на НАСА - книга со фотографии - има 168 страници кои содржат прекрасни слики на Земјата од перспектива на сателитите кои кружат околу нашата планета.

Фотографот кој ги визуелизира различните верзии на својата смрт

Секој со минимум способност за интроспекција си го поставува прашањето - и кога, но и како ќе заврши мојот живот? Сепак, ретко кој е доволно храбар тоа и да го визуелизира на начин на кој го прави овој фотограф.

Уметнички проект: школски фотографии на сите третоодделенци во Лондон

Режисерот Стив МекКвин („Срам“ и Оскар за „12 години роб“) почнува нов проект - ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон.

Имало Фројд и пред Фројд

Има (бар на македонски) интересно име: Рихард фон Крафт-Ебинг. Бил психоаналитичар и сексолог кој работел на ова поле уште во 19 век. Кој му е крив што после него дошол Фројд, кој врз него фрлил голема историска сенка. А баш убаво ќе стоеше место „фројдовско“ ова или она - „ебинг-ово“.

Фотографот Емил Зола

Семејни албуми, стаклени плочи и опрема за фотографска лабораторија кои му припаѓале на славниот француски автор на 4 декември ќе бидат понудени на продажба во галеријата Арткуријал во Париз.

Фотографот што ги сликаше истите луѓе 40 години подоцна

Болничарот Крис Порс (Chris Porsz) олабавувајќи се од стресот на работа во 70-тите и 80-тите киснел на улиците на Петерборо, Англија, сликајќи ги панкерите, полицајците, љубовниците и тинејџерите. Скоро четири децении подоцна тој се враќа во градот и ги слика истите луѓе. Ефектот на „пред“ и „потоа“ е одличен.

Кога деца на точак пренесувале дрога низ Америка

Во 1908 Луис Хајн (Lewis Hine), ангажиран од Националниот комитет за детски труд, почнал да ги фотографира децата-курири на велосипеди, кои пренесувале пораки и предмети до фирми, бордели и продавници. Целта била да се обелодени нивната експлоатација, како и да се види во каква средина растат.

Најпознатите места на светот сликани од „погрешен" агол

Летово ќе бидат исликани милиони фотографии, ќе бидат снимени исто толку видеа, и сите тие повеќе или помалку ќе личат едни на други, особено оние од најпознатите туристички атракции. Ајфел си е Ајфел колку пати и да го сликаш. Колосеумот си е Колосеум. А можеби и не е?

Голема фото-изложба на Уелбек во Париз

Неговиот последен роман „Покорување" (осврт тука) требаше да биде промовиран токму на денот кога се случи терористичкиот напад на Шарли Ебдо. Денес, кога сите го очекуваат исходот од можниот Брегзит, тој ноншалантно си отвара изложба. „Отсекогаш сум бил мајстор на тајмингот", вели со познатата камен-фаца.