Таг: ференц пушкаш награда

Пушкаш наградата во рацете на анонимен Бразилец кој направи ножички од 20 метри

Гилјерме Мадруга од Ботафого ја освои наградата за гол на годината, која му ја додели ФИФА на церемонијата во Лондон. Тој се истакна со страшни ножички на мечот против Новоризонтино во втората бразилска лига и ги засени другите кандидати.

Слободен удар после кој се запали Твитер

На дуелот меѓу Нант и Лориен, домаќините поведоа буквално после минута ипол и водеа сè до 87' минута кога топката за слободен удар од 40 метри не ја намести Арман Лориенте. На ова може капа да му симне и легендарниот Бразилец Жунињо.

ФИФА го прогласи најубавиот гол за 2020

ФИФА синоќа додели неколку важни награди за 2020-та година, Роберт Левандовски го доби признанието за најдобар играч на годината, а Кореецот Сон од Тотенхем за најубав погодок во изминатите 12 месеци.

Антологискиот гол од Ирска кој доби номинација за Пушкаш

Кој би рекол дека клуб по име Гленторан од Северна Ирска може да се прочуе во светот во изборот за гол на годината според ФИФА и да собере преку 5 милиони кликови? Може, затоа што во тим го имаа анонимусот Метју Буроуз кој го постигна најепскиот гол со петица.

Голот за кој Кристијано Роналдо тврдеше дека му е најубав во кариерата

Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.

Се сеќавате ли на волејов на Матиќ?

Го постигна додека играше за Бенфика и тоа на дербито против Порто, а голот толку беше лудачки што заврши втор во трката за ФИФА гол на годината, само поради тоа што Ибра тогаш одлепи со тоа ножичките на пријателска против Англија.

Најдобрите голови од 2009 до 2018 кои ја добија наградата Пушкаш

Сите маестрални погодоци на едно место. Микс од врвни голови на светски познати и помалку познати играчи. Кој од кој појак гол.

Пушкаш наградата за лудачките ножички на младиот Романец

Анонимниот 18 годишен фудбалер на Дебрецин, Даниел Зори 2019-та ќе ја памети по евроголот кој се постигнува еднаш во кариера и не само тоа. На ФИФА наградите го освои првото место, победувајќи го и Меси. Празник за очи е ова.

Голман во Германија ја спречи Пушкаш наградата за 2019-та

Кај се видело до сега ваква атракција со петица на асистенција со ножички? Никаде. Огромна штета што ова не е гол. Со ова ремек дело сигурно ќе завршеше конкурсот за гол годината бидејќи е нешто уникатно и неповторливо, а го спречи голманот на Сандхаусен на мечот против Келн.

Едно убаво голче

Не знаеме ни кој е, ни од каде е, ама дечково треба да конкурира за најубав гол на годината во изборот на ФИФА и да ја добие наградата „Ференц Пушкаш“.

Гол на месецот и кандидат за Пушкаш

Име: Телмо. Презиме: Кастањеира. Клуб: ЦД Трофенсе од португалското фудбалско подземје. Гол: За наградата „Пушкаш“.

Во Египет веројатно падна голот на сезоната

На мечот Ал Итихад - Енпи од египетското првенство кој заврши 1-1, домаќините поведоа со неверојатниот гол на Калед во 63’ минута. Сигурно влегува во најтесен избор за гол на сезоната.

Пушкаш 2017?

Ај што е голот маестрален после акција од Плејстејшн, туку и описот на погодокот од коментаторот е за аналите.

Избрани кандидатите за најубав гол на годината

Финалисти во трката за наградата „Пушкаш“ која што ФИФА му ја доделува на тој што ќе го даде најубавиот гол на сезоната се: Дејна Кастељанос, Жиру и Масулуке.

Сите освојувачи на наградата „Ференц Пушкаш“

Наградата за гол на годината ФИФА ја воведе во 2009-та, а името го доби во чест на легендарното име на Реал Мадрид од 50-те и 60-те. Да се потсетиме на осуммината мајстори кои ја добија до сега.

Во Украина втора лига игра Супермен

Откако излезе листата на 10 кандидати за наградата Пушкаш, вчера објавивме и алтернативна листа на која ФИФА очигледно не внимавала. Епа ни во првата ни во втората нема ваков гол. За „шкорпион“ потегот дознавме од легендарниот Рене Игита кој така ја одбрани, а овој бре луѓе што стори?

Кандидати за Пушкаш наградата кои ФИФА не ги ферма

Петта година по ред ФИФА ќе ја додели наградата за гол на годината. Но кога треба да се изберат 10 кандидати секогаш е држ не дај, зошто одредени голчишта не влегуваат во тој тесен круг. Ова му доаѓа како алтернативна листа на 10 голови кои се игнорирани. Меѓу нив три се од Англија која нема свој кандидат. Чудно е како од оваа листа нема место барем за ножичките на Шаќири и слаломот на Појет.

Објавени кандидатите за наградата Пушкаш

ФИФА го скрати изборот за најубав гол на годината од илјадници голови на десет. Во најтесниот избор на кандидати влегоа голови постигнати од 27. септември 2014 до 23 септември 2015 година. На 30. ноември ќе останат само три најмногу гласани голови кои ќе се борат за наградата Ференц Пушкаш.

Пушкаш голот на годината доаѓа од Јапонија

Не е Златан, не е Меси, ниту Кристијано Роналдо. Голот на годината падна на средношколски натпревар во Јапонија меѓу екипите на Сакујо и Тамано-Конан. Ако има правда во ФИФА, голов мора да ја добие наградата за најубав на годината. Погодокот добива на тежина што падна во 94-та минута од мечот.

Кандидат за наградата Пушкаш?

Во компилацијата со најефективни голови од викендов, фали мајсторијата на Алан Гатагов кој во шеснаесетник реагираше поатрактивно од Ибра. Се работи за руски фудбалер кој ги носел дресовите на Динамо и Локомотив Москва, а сега настапува во Казахстан.

Првата девојката кандидат за гол на годината

За прв пат во историјата, жена се најде меѓу тројцата кандидати за наградата Ференц Пушкаш, која што се доделува за најдобар гол во изминатата година. Голот случајно го снимил противничкиот тренер, кој ги снимал акциите на својот тим.