Таг: фабио капело

Две анегдоти на Капело во Реал кога се мачел да ги вклопи Мијатовиќ, Шукер и Раул

Славниот италијански стратег го водеше Реал две сезони во две различни декади, 1996/1997 и 2006/2007. И во двата наврати ја освои Ла Лига. Но не му било лесно да го склопи коцките со толку различни карактери.

Фабио Капело се криеше од македонските навивачи во парфимерија

На заминување од незаборавното и најмераклиско одење во Италија, на аеродромот на Милано пред полетување го начекавме Фабио Капело. Славен стратег на Милан, Јуве, Рома и Реал Мадрид, како и селектор на Англија и Русија. Удостои група на македонски навивачи со фотографија, ама потоа му се редеа и други еден по еден, па му се смачи и се бутна во парфимерија.

Кога генијалниот Дејан и Милан ја урнаа златната епоха на Барселона

На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...

Професорката по англиски на познати италијански играчи и тренери

Има 52 години, симпатизерка е на Лацио, но во принцип навива за екипите на нејзините ученици. Опкружена е со навивачи на Арсенал бидејќи живее во Лондон, но кога се играше финалето од ЛШ навивала за Челси поради Сари.

Култните дресови на легендарниот Бразилец Кафу

Поминаа десет години откако Бразилецот Кафу ја заврши кариерата а неговиот насмеан лик додека џвака мастика во некој од легендарните дресови го паметиме к’о вчера да беше.

23 години од лекцијата на Милан против Барса

На денешен ден во 1994. година, на Олимпискиот стадион во Атина Милан со 4:0 ја декласираше Барселона во финалето на Лигата на шампионите. Четата предводена од Капело: Роси, Тасоти, Панучи, Албертини, Гали, Малдини, Донадони, Десаи, Бобан, Савичевиќ и Масаро, одиграа незаборавен меч.

СПАЛ - тимот со чудно име што ќе го гледаме во Серија А

Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...

Ноќта кога Јувентус посака да го има 18 годишниот Меси

Летото 2005-та на Камп Ноу, Јувентус беше поканет на мечот под името „Trofeo Gamper“, натпреварување кое се игра од 1966-та во чест на основачот на Барселона. Капело во напад ги имаше Дел Пјеро, Ибрахимовиќ, Трезеге, Муту и Ѕалајета, но се заљуби во талентот кој потоа ќе стане број 1 во свет.

Фабио Капело за Карлос и Сидорф кога го засилија Реал Мадрид

Ќе ве вратиме на средина од 90-те во Ла Лига кога исто како и сега Реал, Барса и Атлетико беа во центарот на вниманието. Кралевите тогаш го ангажираа еден од најдобрите италијански стратези кој го објаснува значењето на двете големи засилувања од Серија А кои потоа станаа легенди.

Како Кралевите под водство на Дон Фабио играа на прва

Пред точно 10 години Реал Мадрид стигна до титулата број 30 во Ла Лига. Покрај староседелците и Шпанците, тоа беше Реал со бразилско-италијанско-холандски шмек во кој играа Карлос, Робињо, Емерсон, Каванаро, Касано, Ван Нистелрој. Капело беше критикуван дека мисли само на резултатот, а не на играта, иако оваа акција целосно ја негира таа теза.

Кога Берлускони се карал со Капело за Савичевиќ

Освен по прекарот Геније и неверојатниот дриблинг, Дејан Савичевиќ бил познат и по незгодниот карактер и важел за инает со кој Капело не можел да излезе на крај. Дејо се смета за најомилениот играч на Силвио Берлускони.

Ретро фотографии од летувањата на фудбалерите

Сиот овој колаж на стари фотографии од одморите на некои поранешни фудбалски имиња е сосема нормален за тоа време, се додека не дојдете до моментот каде Диего и Клаудиа си ги имаат сменето позите. 

Тренерски титули - Made in Italy

Римјанинот Клаудио Раниери, новиот газда на Премиер лигата со Лестер е последниот во серијата италијански стратези кои освоиле првенство надвор од својата земја, од Англија до Кина, далеку од Серија А.

Роналдо му врати на Капело

Поранешниот бразилски напаѓач одговори на критиките на Капело кој барал подобра линија од него во Реал Мадрид.

Капело: Роналдо беше дебел и лош лидер

Италијанскиот стратег се навраќа на времето кога го имаше бразилскиот напаѓач на Сантијаго Бернабеу. За него издвојува две сосема дијаметрални карактеристики.

Што направи Фабио Капело за Русија

На искусниот италијански стратег по три години поминати како селектор на Русија денеска му е врачен отказ. Тоа воопшто не треба да го разочара, бидејќи ќе добие оштета од 15 милиони евра.

Лежи лебу, Капело да те јаде

По некои пратеници во руската Дума, сега и навивачите на Русија бараат Фабио Капело да си поднесе оставка, особено после поразот од Австрија 0-1 на домашен терен во неделата. Решени се да собираат пари за да се раскине договорот со Италијанецот.

Денот кога омилениот играч на Берлускони ја матираше Барса

Со неколку измени во екипата, дон Фабио Капело го размонтира тогашниот Дрим тим на Барселона во Атина и на Милан му ја донесе европската круна. Ништо немаше да биде исто без Дејан Савичевиќ.

Екскурзијата на Касано во Реал Мадрид

На 4. јануари 2006-та година, Фантантонио ја напушти Рома и потпиша договор со Реал Мадрид. Дојде како најголем талент на европскиот фудбал, а Мадрид го напушти по караниците со неговиот втор татко, Фабио Капело.

Фабио Капело на рапорт кај министерот за спорт на Русија

Нерешениот исход против Молдавија (1:1) во квалификациите, дополнително го зголеми гневот кај навивачите на Русија, кои не можат да му ја опростат платата на селекторот.

Јувентус нема конкуренција во Серија А

Според Фабио Капело, слабиот квалитет на италијанскиот фудбал и Серија А се главните виновници за лошите резултати на Јувентус во Лигата на шампиони.

Капитенското проклетство на Капело

Ако Чеде Јаневски сака да си направи проблем со капитените во македонската репрезентација, треба да се обрати за совет кај Капело. Италијанскиот стратег отсекогаш имал проблеми со капитените на националните тимови кои ги предводи. Прво беше Тери, потоа Аршавин, а сега Денисов.

Касано: „Во Интер ми се оствари сонот“

Антонио Касано повторно ја разбранува Италија. Контроверзниот напаѓач во интервју за италијанска ТВ станица говореше за проблемите во Милан, односите со Галијани и Алегри, потпишувањето за Интер, но и се покаја за конфликтите со Капело и претседателот на Сампдорија.