таг: Евровизија

„Картон oд тебе“ (A Case of You) - Џони Мичел/Салвадор Собрал
Песна на денот
Евровизија се гледа со две раце

Додека другите мереа гласови, гео-стратешки поделби и кој на кого му е брат по Евровизија, Порнхаб за време на финалето 61-та Евровизија мереше кој колку го посетувал нивниот сајт. Повеќе

Студената војна и жената со брада

Повеќенасочните хејтања која ги предизвика појавата на Кончита е само мачкање очи пред еден многу посериозен глобален судир. Кончита стана повод за поделба на Европа а гласањето за или против неа стана травестиран референдум за или против Русија. Повеќе

Историја на нули на Евровизија

Од воведувањето на сегашниот систем на гласање со делење од 1 до 12 поени, само 14 песни што се појавиле на Евровизија завршиле со вкупно 0 (нула) поени. Во овие 14, Норвешка учествува со 3, а Турција има 2. Ова не е така лесно како што изгледа. Повеќе

Украинската криза стигна и на Евровизија

Иако во минатото неколку претставници на Украина ја искористија Евровизија како платформа за анти-Руски слогани, годинава Украинците ќе одат со крајно љубовна песна. Русија подеднакво не сака да ја преплаши публиката, па прати две 17-годишни блондинки близначки со уште една љубовна балада Повеќе

Истрага за руските поени на Евровизија

Претседателот на Азербејџан нареди да се спроведе истрага за тоа зошто земјата на Русија и даде "нула поени" во финалето на Евровизија. Повеќе

Есма и Лозано сас козите

Значи стварно се изнасравме на сè што годинава се случува околу Евровизија. Не дека нема за што: ем тоа песната помпезна (замислите Турчин пред ТВ кога сфаќа дека НИЕ пееме за империја), ем спотот крајно лош, ем да ја трошиш Есма со таква песна е како да ја имаш Мерил Стрип за еден филм а ѝ даваш да ти глуми во "Македонски народни приказни". Одиме со верзија од читател кој додал дополнителни вокали и заменил пар кадри кои по него подобро ја претставуваат состојбата во нашата земја. Повеќе

Рамбо и црногорската книжевна пролет
Економист

Рамбо Амадеус и неговото магаре навистина не влегоа во финалето на Евровизија, но затоа добија текст во Економист. Поврзувајќи ги традициите на епската поезија на Његош, со онаа на премиерот на Црна Гора, и конечно со Рамбо, авторот на крај има добра поента - Црна Гора е книжевно село, како впрочем и и Македонија. Повеќе

Србија до Азербејџан
Владимир Арсенијевиќ по повод Евровизија

Германскиот дневен весник Тагесцајтунг објави текст на српскиот писател Владимир Арсенијевиќ воочи претстојната Евровизија под наслов „Галаксија на еврокичот". Повеќе