Таг: естудијантес

Ах да беше Хари ова што наслови ќе фрчеа

Се среќаваат Коринтијас против Естудијантес во првата пресметка од четвртфиналето во Судамерикана. Бразилците го добиваат мечот со 1:0, кој уствари треба да е 2:0. Ама имаат напаѓач по име Густаво Силва, со прекар Москито кој како прв пат да се појавува пред гол.

Што значи таинствениот крик „кирикочо“ кој Халанд му го викнал на голманот на Севиља

Најголема зафрканција во еврокуповите неделава беше урликот кој Ерлинг Халанд му го упатил на голманот на Севиља Јасин Буно после реализираниот пенал. Има цел мит и преданија за него во Латинска Америка.

Фудбалската династија во семејството Верон

Чезаре, Паоло и Даниел Малдини не се единствените кои негуваат верност и традиција во ист клуб. Аргентина ни открива уште еден пример во кој три генерации по ред го љубат дресот на Естудијантес.

Уште еден ненормален гол со ножички, овојпат од Аргентина

По апсолутно најубавиот гол од почеток на новата сезона кој го даде Аниело Салѕано од италијанска Тернана, синоќа во Аргентина падна еднакво убав. Стрелец беше Енцо Калински кој во 83’ минута ја потврди убедливата победа на Естудијантес од 3:0 над Индепендиенте.

Колективна амнезија во одбрана

Синоќа во аргентинската Примера Дивизион играа Хуракан и Естудијантес а гостите победија со голот на Матијас Пелегрини кој доби подарок од одбраната на домаќините.

Најкрвавиот Интерконтинентален Куп кој завршил со апсење на фудбалер на Милан

ФИФА синоќа донесе историска одлука со која сите освојувачи на Интерконтиненталниот Куп ги призна за Светски шампиони, а меѓу нив и Звезда со Панчев и Најдоски. Се потсетуваме на едно финале во кое на гостинските фудбалери им било поважно да спасат глава, отколку да го освојат пехарот.

Верон на 42 години игра како дете

Хуан Себастијан Верон е претседател и играч на аргентинскиот клуб Естудијантес кој се натпреварува во престижната Копа Либертадорес. Во синоќешниот триумф од 0:3 на гости против Барселона од Еквадор, Верон одигра 56 минути и намести еден гол.

Кога цел месец спремаш испит и професорот те враќа

На мечот Естудиантес - Бока Јуниорс, домашниот тренер Нелсон Вивас збесна гневен на тоа што судијата не свирна пенал по контактот на голманот Агустин Роси со напаѓачот Каваљаро. Искина и кошула и копчиња, фрли и чевли и маица.

Диего Ел Чоло Симеоне каков што не сте го знаеле

Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.

Ја имаме фудбалската тепачка на годината

Освен што е позната по тангото, догата и необичната скара, светот ја знае Аргентина и по страшната страст кон фудбалот која често ги преминува границите на пристојноста. Тепачки на терените во оваа земја се редовна слика.

Полесно нема ниту на тренинг

Хозе Фернандез од Годој Круз прво даде гол за 1:0 против Естудијантес, а после го направи невозможното и промаши празен гол. На крајот конечен резултат 1:1.

Отсега играме без жолти

Естудијантес и Химнасија Ла Плата се големи аргентински ривали, па нивните дуели се „вжештени" дури и на пријателски натпревари, па судијата смисли многу добар начин како да спречи евентуални повреди.

Верон му се враќа на фудбалот

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Аргентина, Хуан Себастијан Верон реши да ги прекине пензионерските денови и да се врати во неговиот матичен клуб Естудијантес, а целата плата ќе ја донира за развојот на младинската школа.