Таг: енди мареј

Енди Мареј со штосна смс порака до Федерер кога слетал во Швајцарија

Светскиот рекет број 49 го бива за хумор. За време на пензионирањето на Роџер Федерер направи спрдња на своја сметка. Еве го сега со нова, која кој знае како ќе ја сфати еден познат фудбалер на Арсенал.

17 секунди атракција од тренингот на Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј

Лејвер Купот во Лондон е последната тениска станица на Роџер Федерер кој и официјално го соопшти крајот на кариерата. Легендите ќе играат во двојки, а спектаклот е веќе почнат уште на тренинзите. Мангупскиот удар на дечкото со капчето е на Рафа.

Го видовте ли сервисот на Мареј на Индијан Велс?

Не можеш да го очекуваш, ниту да го предвидиш, бидејќи скоро и никој да не го практикува, а ќе го изненади скроз не само противникот, туку и гледачот. Енди Мареј му го продаде штосов на 18-годишниот Карлос Алкараз од Шпанија, кој го совлада со 2:1.

На Циципас му прејде во навика да оди во тоалет сред меч, ги нервира ривалите

Противниците го обвинуваат грчкиот тенисер дека наводно се повлекува на подолги паузи за да се допишува со татко му кој му е тренер. Ќе отиде до тоалет и го нема десетина минути.

Чудото на Енди Мареј - во јануари му ставија вештачки колк, а сега освои титула после 960 дена

Понекогаш во спортот се случуваат работи, кои многу тешко може да се разберат и кои ја прошируваат нашата претстава за човековите можности. Враќањето на Енди Мареј е едно од нив.

Остај ја бе глуп, два метри е во аут

Тие што играле или играат серва во маало, сигурно го искусиле ова. Топката оди апла во аут, а ти ја фаќаш инстинктивно или намерно за да не трчаш по нејзе, па потоа расправии чиј е поенот. Во професионален спорт ова не сме го виделе до сега.

Сите чудни мимики на Енди Мареј низ кариерата

Некогашниот број 1 на светот, Шкотланѓанецот Енди Мареј денес слави 32. роденден. Освои три Гренд Слема, два пати беше Олимписки шампион, освои Дејвис Куп и што уште не во кариерата. Но поради тешки болки во грбот, во јануари годинава најави дека ќе се повлекува од белиот спорт. Ќе им фали најмногу на навивачите, но и на режисерите на преносите.

Како и кога бананата стана главно овошје во тенисот?

Постојат многу причини зошто на Вимблдон, на пример, за две недели се јадат околу 5 тони од ова овошје кое доаѓа од Југот на Азија и од Папуа-Нова Гвинеја.

Енди Мареј низ солзи кажа дека се повлекува од тенисот

Поради сериозни проблеми со повредите кои го спречуваат нормално да функционира не само на тениските терени туку и во секојдневниот живот, Шкотланѓанецот, некогаш број еден светски тенисер, најави дека во скоро време ќе стави крај на кариерата поради страшни болки.

Ни машкиот тенис не е веќе тоа што беше

Рафа и Роџер одново се прв и втор рекет на светот - тоа се случило седум пати низ историјата, но првпат од 2010 година. И двајцата се вратија на теренот после повреди и ги оставија без шанси младите противници.

Кој е малиот Зверев кој го растури Федерер во финалето

Пред осум дена Washington Post напиша повеќе редови за предводникот на плејадата талентирани млади тенисери кои полека ќе ја заменуваат старата гарда која од друга страна не го пушта стисокот врз овој спорт.

Од риалити шоу до полуфинале на Вимблдон

Американецот Сем Квереј втора година по ред го елиминира светскиот рекет број еден од Вимблдон. Лани Ѓоковиќ сега Мареј и првпат во кариерата ќе игра во едно полуфинале на Гренд Слем.

Дали се тенисерите премногу платени?

Најчесто прашање кое се поставува во тениските кругови се спорните предадени мечеви уште во првото коло каде играчите доаѓаат неспремни и повредени, но се појавуваат само за да земат дел од хонорарот. АТП ги смени правилата и годинава воведе експеримент.

Кој е Миша Зверев, тенисерот кој го елиминираше Мареј

Поминал тешко време со повредите кои го исфрлиле надвор од првите 1.000 тенисери на светот, но решил со напорна работа да се врати и тоа му се исплатеше на годинешниот Австралија Опен каде се прослави против тенискиот рекет број 1.

Преживеал масакр во школо, а денес е светски тенисер број еден

Го освои и својот втор Вимблдон во кариерата, блесна на Олимписките Игри во Рио2016 и стигна до посакуваното место број 1 на АТП листата. Но малку се знае за неговото детство.

Како игра единствениот глув професионален тенисер во светот

Неверојатниот корејски талент Док-Хи Ли е глув тенисер којшто има сериозна намера да ја врати Кореа во Дејвис Купот и еден ден да застане рамо до рамо со најдобрите светски тенисери. Во таа намера финансиски го помага гигантот Хјундаи.

Енди Мареј е новиот крал во машкиот тенис

Британецот го совлада Новак Ѓоковиќ 6:3 6:4 во финаленото на АТП турнирот во Лондон и докажа дека не случајно го помина Србинот на врвот од ранг листата.

Мареј го прескокна Ѓоковиќ и стана прв на АТП листата

Канадскиот тенисер Милош Раониќ се повлече од Мастерсот во Париз, така што Енди Мареј без борба се пласираше во финалето и на тој начин од понеделник ќе биде светски тениски број еден. Финалето ќе му биде важно од неколку причини.

Заслужи ли Мареј да стане светски рекет број еден

Британецот никогаш не бил поблиску до првото место на ранг листата за најдобри светски тенисери. Иако ретко се среќаваше со играчите од Топ5 и Топ10 на ранг листата, Мареј игра во животна форма и ја стопи разликата со Новак Ѓоковиќ. Ќе стане ли број еден?

Непознатиот Французин кој стигна до четвртфинале на Вимблдон

22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.

Историска титула на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер го освои единствениот Гренд Слем кој му недостасуваше, откако попладнево во Париз на Ролан Гарос го победи Енди Мареј со 3:1 во сетови.

Запри дожду да се игра

Отвореното првенство на Франција е немоќно секогаш кога има дожд. Ролан Гарос е единствениот Гренд Слем без покриен централен терен, а причините за тоа лежат во сложената париска бирократија и корупција. Од година во година дождот им прави мака на организаторите.

Кој може да го сопре Ѓоковиќ на Ролан Гарос?

До почетокот на Ролан Гарос остана уште една недела и списокот на главните кандидати за трофејот на земјениот турнир е утврден. Шеста година главно прашање е: Може ли Ѓоковиќ до единствениот Грен Слем кој му недостига во колекцијата?

Под чадор со Ѓоковиќ и други моменти на децата за топчиња

Децата задолжени за топчињата на тениските мечеви често се во фокусот од разни причини поврзани со тенисерите и со нив се наоѓаат на насловните страни.