Таг: екстерно

Екстерно на британски начин

Исламистичко училиште во Велика Британија добило негативна оценка од надлежниот образовен инспекторат откако во ненејавена посета и тестирање установиле дека учениците не знаат ниту која е премиерка на земјата ниту која е Хилари Клинтон.

Гаокао, најтешкиот приемен на светот

Тинејџерите во Кина го минуваат најубавиот период од животот под огромни стресови, подготвувајќи се за приемен испит за на факултет. Оние кои успешно ќе го положат можат да очекуваат исти такви кариери, па дури и поатрактивни брачни партнери. За оние кои ќе кикснат, тоа обично значи запечатување на социјалната судбина.

Видео игрици повеќе од екстерно

Наместо да се спремаат за тупаџиските стандардизирани тестови со заокружуванки, се предлага вештините на учениците да бидат испробани со помош на  една ним добро позната алатка - видео игрите.