Таг: џиџи буфон

Буфон и заушката за Куадрадо

Свири химната на Лига на шампиони, сите мирно стојат, само не се знае кој е поголемо дете, дали оние кои стојат покрај играчите или капитенот на Јувентус.

Џиџи, време е за пензија мајсторе

Во неделното матине, Јуве го пречека Сасуоло и спасуваше бод. Гостите прво израмнија во 23’ минута, па во 47’ минута поведоа 1-2 преку Капуто по две грешки на Буфон во една акција.

Буфон за интерниот муабет со Роналдо после лудачките ножички

3 април 2018-та. Реал го треска Јуве на гости 0:3 во четвртфиналето од ЛШ, натпревар кој ќе се памети уште долго поради епската акробација на Роналдо. Џиџи Буфон признава дека бил исфрустриран, ама и свесен дека примил неверојатен еврогол.

Кај е бе овој човек за втор голман

Јуве и Интер одиграа 1:1 на меѓународниот куп во САД, а потоа Бјанконерите славеа 4:3 на пенали. Како да не слават кога имаат ваква људина на гол. Шчесни ќе бил прв, а Џиџи втор голман во неговата последна сезона во кариерата. Сигурни сте за одлукава?

Гуштерите Буфон и Игуаин мораа да пеат песни за новајлии

Иако веќе неколку години се во или околу клубот, со кратки авантури во Париз и Лондон, Џиџи Буфон и Гонзало Игуаин мораа заедно со новите засилувања на Јувентус да отпеат песна - ритуал на иницијација во сите големи клубови.

Делириум во фан шопот на Јуве во Милано со Буфон

Откако се сретна со навивачите и ги мина медицинските прегледи во Торино, Џиџи имаше голем пречек и во Милано каде Јувентус отвори нов фан шоп. Нема да ја носи единицата, туку една друга бројка по која е препознатлив од минатото.

Број 1 потег на број 1 голманот во свет

За кого и да навиваш, не можеш да не го сакаш Џиџи Буфон. Брани од 1995-та, година во која некои од сегашниве пилиштари кои ги направија богаташи, не биле ни родени. И тоа брани бе, а веќе 41 има. Денеска направи вистински потег. Се врати онаму каде што припаѓа. Во својот дом.

Па уште се отвори по десно бе, цар

Откако направија 20 бода разлика, фудбалерите ПСЖ ептен ја тераат лабаво со натпреварите во првенство. Загубија 5:1 од Лил, а синоќа 3:2 од Нант. Џиџи Буфон имаше извонредна Ноер антиципација, ама на кутриот тој изгледа му збогтиса на гол па сакаше десен бек да биде и за малку ќе примеше гол. Не е да му замери човек, од 1995-та брани.

Проклетствата на Буфон во ЛШ

Ќе го памети Манчестер и градот и клубот, а посебно тие проклети пенали кои не го сакаат и не го сакаат. Судиското продолжение му стана ноќна мора последниве две години и токму во тие последни мигови остана и можеби и ќе остане без трофејот кој му фали во кариерата.

Статистички, Џиџи Буфон е најдобар голман во Европа во моментов

Иако би рекле дека брани против послаби противници, ако Лион и Лил може да се дефинираат како слаби противници, 41-годишниот Џанлуиџи Буфон има статистика подобра дури и во некои негови одлични сезони во минатото. Како е можно и како се мотивира на таа возраст?

А што мислевте вие чичко ви Џиџи стар е а?

Човекот кој брани од 1995-ма (Мбапе не бил роден), човекот кој недостига во Јуве, човекот кој недостига во Серија А, човекот кој е и засекогаш ќе остане светска голманска легенда. Со оваа интервенција викендов против Бордо покажа како се брани на 41 година. Еден и единствен Џиџи Буфон.

Буфон и насмевката пред пеналот на Наполи

Еден од најголемите на сите времиња, во ПСЖ почесто е на клупата за резерви а прв голман е младиот Ареола. Џиџи синоќа доби прилика да брани против Наполи каде добро го познава амбиентот и противникот. Токму Џиџи го спаси ПСЖ од пораз со неколку интервенции.

Така лесно мислиш ќе го лобуваш Џиџи

Мемфис Депај фина ти беше идејата, ама не заборавај дека голманот на ПСЖ не се вика Кире Трајчев, туку Џиџи Буфон на кого тие 40 години воопшто не му тежат. Се истегна и ја пипна со прсти доволнo за да не прими гол. 

Буфон, Ето, четворица Јапонци и еден Кореец, толку се

Што со нив? Епа тоа се единствените фудбалери од СП Франција 1998 кои се уште се активни како играчи. Единствени од колку? 32 земји учеснички пута 23 репрезентативци = 736. Што ти е издржливост и упорност.

Добро, вие Буфон го испраќавте или Силвестер Сталоне?

Јес да легендарниот Џиџи е мускулест и разбацан ама арт-тимот на навивачите на Јувентус малку претерале кога ја цртале шеталицата со негов лик.

Муабет на денот за Буфон “местачот“

А еве како некои кај нас се збогуваа со Буфон. Инаку Јувентус никогаш не играл во трета лига.

Долго ќе се зборува за оваа измена во 63-та минута

На 19 мај 2018-та заврши авантурата на незаменливиот фудбалски џентлмен. Џиџи Буфон се збогуваше со колегите, противниците и навивачите кои го испратија со солзи. Без некои фудбалски икони едноставно фудбалот нема да биде повеќе ист. Легендиште кое еднаш се раѓа.

Тоти до Буфон: Драг Џиџи ние сме толку различни, а сепак исти

Ривали на терен со дресовите на Јуве и Рома, соиграчи во репрезентација, пријатели засекогаш. Франческо му пиша кусо писмо на легендарниот голман во најтешкиот крстопат од неговата кариера.

Буфон: „Сестра ми има Лига на шампиони, јас немам“

The Players Tribune одново изненади, овојпат со екстра интервју со Буфон кого го испрашува стоперот на Барселона и Шпанија.

Како изгледаше сајтот на БиБиСи кога Буфон потпиша за Јуве

4 јули 2001 година е датумот кога Старата Дама го направи еден од најумните потези во својата историја, а Џиџи воопшто не погреши со изјавата. Други времиња беа тоа.

10 моменти кои ја одбележаа кариерата на Буфон

Да ја анализираш кариерата на Џиџи Буфон е како да раскажуваш дополнителни 22 години живот. Историски мигови, незаборавни паради, многу трофеи, безброј рекорди и пред сè верност кон Јуве која ја демонстираше со срце дури и во втора лига. Голманиште за кое ќе се зборува и по 100 години.

Никој како тебе Џиџи

Никој нема да го брани дресот како тебе, никој нема да лета како тебе, никој нема да не возбудува како тебе, никој нема да го брани невозможното како тебе, никој нема да не обедини како тебе, никој нема да инспирира како тебе, никој нема да биде голман како тебе, никој нема да биде како тебе.

Во сабота го играм последниот меч за Јувентус

Дотеран и скоцкан во одело, во друштво на претседателот Андреа Ањели, Џиџи Буфон се појави во прес центарот на Јуве и со кнедла во грлото го објави своето официјално збогување со клубот на кој му служеше со срце 17 години.

Џиџи Буфон е првиот деветкратен шампион во Италија

Јувентус ја извојува седмата шампионска титула по ред откако ремизираше 0-0 со Рома во 37. коло од Серија А. За „Старата дама“ ова е 34-та титула во историјата а дури 9 од нив освоил голманот Буфон.