Таг: Џејмс Џојс

Читачки клуб конечно ја заврши книгата што ја почна пред 28 години

Еднаш месечно во изминатите речиси три децении, режисерот Гери Фиалка, познат како соработник на Френк Запа, ги собирал членовите на својот книжевен клуб за да ја читаат „Финегановото бдеење“ на Џојс. Пред неколку дена тие конечно стигнаа до последната страница. Која изгледа дека и не им е баш последна...

„Улис“ полни 100: зошто Џојс бил опседнат со специфична сина корица?

Пролетта 1921, Силвија Бич, париски издавач, се фалела со своите планови за објавување роман за кој велела дека е ремек-дело кое ќе биде запишано помеѓу класиците на англиската книжевност. Првото издание на таа книга, под наслов „Улис“, излегло на 2 февруари 1922, на 40-тиот роденден на нејзиниот автор, кој особено бил заинтересиран за еден детал - каква боја ќе биде корицата.

Како Џејмс Џојс за малку не станал познат пејач

Авторот на „Улис“ имал неверојатни вокални вештини, а во 1904 дошол блиску до статус на ѕвезда, пред да го совлада тврдоглавоста.

Ќе го откопуваат Џејмс Џојс?

Koга умрел во Швајцарија, Ирците не можеле да бидат порамнодушни. Ги интересирало само дали погребот бил католички. Сега, скоро 80 години подоцна, одеднаш им текна да бараат репатријација на неговите остатоци.

Самоукиот експерт за Џојс кој исчезна

Во саботата, на 16.06, традиционално се одбележа Блумсдеј, денот кога се одвива дејството во романот „Улис“ на Џојс. И иако изгледа дека сè во врска со него е веќе кажано, на виделина излезе необичен случај со истражувач на ова дело.

Мишки и дињи: мирисно читање на Џејмс Џојс

На денот кога традиционално се чествува Џојс низ светот, за неговиот однос кон сетилото за мирис, кое е само „канал“ за филозофско разгледување на теми поврзани со општеството, сексуалноста и смртта. Внимание за почувствителните: текстот труе на пот, усмрдена риба, ама и на слатки дињи. 

Претстава направена според еротски писма на славни личности

На 4 мај во Лондон ќе се оддржи премиерата на престава под наслов „„Вашите секси пораки се срање: постарите подобри писма“. Денешната еротска коресподенција не е ништо во споредба со старата добра вештина на заведување преку рачно напишани писма. А Џојс е махерот во оваа област.

Зошто Улис веќе не нè шокира?

Мал број вербални артефакти се толку кул колку првото издание на славниот роман на Џојс, кој бил објавен во Париз, на 2 февруари 1922. Но денес кога ниту една мисла, слика или збор не се незамисливи, бидејќи што и да ти текне може да го изгуглаш (и да добиеш каков-таков резултат), Улис веќе не е лингвистичка ризница, туку непотребно комплициран терен. А ова е како Еверест да го наречеш превисок, вели коментатор на Њујоркер.

Кога Јунг го хејтал „Улис“

Славниот Јунг влегол во лавиринтот на контроверзниот роман, но едвај извлекол жива глава. Измачен и лут, тој објавил статија на оваа тема, и му ја испратил на Џојс, со придружно писмо. Овој пак среќен што успеал да поремети еден наводно врамнотежен човек, па уште и психијатар. 

Од што ослепел Џејмс Џојс?

Познато е дека Џојс поголемиот дел од животот страдал од лош вид, а при крајот бил речиси слеп. Во 1931 изјавил: „Го заслужувам ова заради моите бројни неморални однесувања". Оваа гатанка сега ја разрешува нова книга, напишана од професор на Харвард. 

„Улис" прв пат изведен на сцена во Даблин

Џојс го пишувал славниот роман од 1914-1921. додека бил вон родната Ирска. Таму долги години бил забрануван, заради наводно провокативните сцени. 

„Улис" е македонска салата, а Коелјо е помија

Пред неколку дена Пауло Коелјо ја надразни jaвноста со изјавата дека Џојсовиот „Улис" е празно дрднање. Стујарт Кели, соработник за литература на Гардијан, е меѓу ретките кој не само што ја пренесе оваа забелешка, туку и го возврати ударот.