Таг: дриблинг

Дриблер на денот - хрватски навивач со велшки полицаец

Хрватска поведе со 0-1 во Велс, но домашните израмнија 1-1 и тоа беше крајниот резултат на мечот од квалификациите за Европско 2020. Хрватите се на прагот од пласман, а Велс ќе мора да се помачи. Исто како и овој нивен полициски службеник кој беше издриблан од хрватски навивач.

На Гугл почна да ја бара топката

Игра на еден на еден по која детево се збуни до максимум. Остајте вие топката, без памет и без компас остана.

Ги изора како нива во Говрлево

Кога ќе рече некој слалом, се мисли на ова. Тргнуваш, ги проаѓаш сите со ред и влегуваш со се топка во гол. Ете така.

На едниот колено му ишчаши, а на другиот роналдињовка му направи

Јапонецот Шоја Накаџима од Порто поседува доста бразилски манири во себе. Барем таков изгледа кога ќе го нападнат двајца, како на синоќешниот дуел против Санта Клара. Па тој првиот е да го жалиш, а добро што го нападна втор, бидејќи некако ни недостигаше роналдињовката.

Не ги прати никаде, туку ги поништи и двајцата

Атлетико Паранаенсе синоќа го освои Купот на Бразил со вкупни 3:1 на двомечот против Интернационал. Во седмата минута од судиското продолжение напаѓачот на Атлетико, Марсело Сирино беше на мака да се носи со двајца. Кога сфатија што им се случи, се откажаа од мечот.

Го направи мајмун без да ја пипне топката

Напаѓачот на Реал Сосиедад Александар Исак има само 19 години, ама како искусно го излета чуварот, секоја чест. Дриблингот без допир на топка се случи на квалификацискиот меч Фарски Острови - Шведска 0:4 на кој Исак беше двоен стрелец.

Издрибла 7 души и влезе со топка во гол

Извесен Андерсон Диаз од Колумбија нема насит кога ќе фати да дрибла. Кога тргнал да прави слалом, овие од клупа избегале во соблекувална исплашени да не земе и нив да ги ора.

Јапонката што ја издрибла пола Северна Кореја

Видеово е старо од 2010-та, ама епско за азискиот фудбал и младинските мундијали. Ја имаме Куми Јокохама од Јапонија на која се обидува да и ја земе пола селекција на Северна Кореја. Се работи за светско првенство за фудбалерки до 17 години. Ги изора како нива.

Како тоа му ја протна кроз нозе со грб?

Невообичаениот дриблинг на денот ни доаѓа од Исланд, каде внимавајте добро што направи играчов по име Стивен Ленон. Ја прими со грб и со тоа му ја протна низ нозе на противникот, а потоа ја дувна во агол. Па има ли појако?

Брилијантен дриблинг на девојка од Арсенал

На Даниела ван де Донк и се пуштија две противнички една по друга и уште не се свесни што ги снајде, особено првата. Мозочето им го испи.

Му го зема паметот или така ни се чини?

Извесен Јунес Намли од Данска игра за рускиот прволигаш Краснодар. Со ваков тип на мајмунлоци, крилово не останува во руско првенство. Погледнете како му одигра еден на еден на противников. Го пеплоса.

Го имаме видеото на денот

Ем доби инструкции, ем никој не му сметаше и плус теренот беше негов. Сè што не може да си замислите дека може да направи еден човек со две леви нозе е во видеово. Огромно благодарам до тој што снимаше.

Дриблинзи боли глава

Некогаш го гледаме од најдобрите фудбалери на денешницата, а некогаш и од анонимни играчи од различни континенти. Дриблинг после кој се држат за глава сите присутни на трибините.

Како тоа дриблинг со глава кроз нозе?

За детево велат дека од овој момент играло фудбал само на еден начин. На Сони.

Кутињо те измести од место детево, а?

Хуан Фоит е уште неиспечено 21 годишно бекче со 12 настапи во Премиер лигата за Тотенхем и 5 за Аргентина. Ама пред себе имаше инспирација наречена Кутињо кој го направи мајмун.

Му го испи мозокот и го избрка од сала

И првото од насловот е точно и второто, плус дуелот е белец против црнец, а го губи црнецот.

Нестварен потег еден на еден па уште и гол на волеј

Ерик Бикфалви е за нас анонимен Романец кој игра за рускиот прволигаш Урал. Прво ќе ве потсети на Денис Бергкамп и второ, нема да видите нешто појако од ова, барем летово.

Во Реал го гледаат видеово и уживаат

Чиле ја декласираше Јапонија со 4:0 во Копа Америка. Дел од аплаузите сепак одат и кај поразените или поточно кај 18 годишниот Такефуса Кубо кој Реал го купи за 2 милиони евра. Со еден потег го исфрли противникот од игра.

Роналдо vs еден за греота

Кристијано Роналдо има 34 години, а неговиот чувар Кевин Мбабу 24 или да не е обратно? Кај ја потепа Швајцарија со хет-трик, па уште и душа му зема на малиов.

Венгер имаше дриблинг или обид за дриблинг со Зидан?

Да бидеме сериозни и да признаеме, а и Арсен да признае дека тоа не може да се случи, па макар Зидан реши да стои. Од хуманитарниот меч во Франција, бајаги сајтови го ребрачат легендарниот стратег на Арсенал дека имал некаков си обид за дриблинг против кралот за таа работа. 

Ти со Господ да не си вечерал?

Прво го помина еднаш, па потоа го уништи, па му дојде друг и веќе не е интересно да ви вршиме пренос. Ова се гледа на рипит.

Дриблинг за кој не помага и боречки зафат

Хан Карлос Хуртадо е за нас тотален анонимус, бидејќи е од Венецуела, роден 2000-та, а игра за аргентинскиот прволигаш Гимназија. Малиот изведе нешто невидено до сега, а противникот џабе се реши на борење. Прво појма немаше каде е топката, а Хуртадо барем успеа да ја подаде на свој човек.

Одличен дриблинг нема што

Вчера објавивме видео од еден цар кој ја испушти топката и излезе најјак фраер во маало. Сега објавуваме друг цар кој исто така ја испушти топката. Ама вториов е далеку од цар како првиот. Почна воздухот да го дрибла.

Најјаката мад факр фора еден на еден со голман

Сме виделе сè и сешто од дриблинзи и финти пред гол. Го гледаш ова и очекуваш кроз нозе, дриблинг или можеби некој лоб, арно ама мечов меѓу ветерани во Аргентина отвора нови видици во фудбалот.