Таг: дриблинг

Босански кошаркарски дриблинг, досега невиден на планетава

Не е оваа младински натпревар, ниту некоја маалска собиранка, туку прволигашки натпревар во БиХ меѓу екипите на Орловиќ и Босна. Домаќините го добија мечот, а го имаат и потегот на годината кој го смисли Анес Подојак. Неверојатно.

Бразилски ремет на само 12 години, ама пуштен на најјако

Им играше без да му тапне и одигра како што не им успало ниту на Нејмар и Роналдињо како мали. Вриштеа од трибина, а ако имало скаути, тогаш ќе се открие кое е детево.

Дриблерот кој не успеал да се отрезни

Најјакиот дриблинг е овој и ниту еден друг, откако е измислен фудбалот како спорт. Еднаш го споделивме, ама моравме да го споделиме пак. Дајте му медал на човеков под итна постапка.

Фудбалер на Лион од женски судија доби жолт картон за дриблинг

Бразилецот Лукас Пакета, кој заедно со Нејмар важат за најдобри дриблери во репрезентацијата, синоќа на мечот Лион - Троја (3:1) тргна да го изведе познатиот „сомбреро“ дриблинг преку глава на противничкиот играч. Не му успеа, а судијката Стефани Фрапар му покажа жолт картон.

Ќе ти платиме ако треба, ти само играј од наша

Ќе играме вечер во балон? Да, само ќе мора сите да имаме сертификати за Ковид вакцинација. Петмина од наша екипа имаат, а на шестиот му дише мозокот.

Вие ќе останете на аут линија, јас отидов

Со две победи од по 1:0, Нуно Еспирито Санто бележи убав старт во Тотенхем. Прво против Сити, а синоќа против Вулверхемптон од каде дојде. Внимавајте добро што им направи на двајца, крилото Стивен Бергвијн кој во јануари 2020-та пристигна од ПСВ.

Гледаме прејако Европско, почнаа и тренерите да се дриблаат

Револуционерното Европско во кое уживаат 12 земји домаќини донесе голема возбуда која се состои од продолженија, пенали, автоголови, елиминација на големите и сл. Но возбудлив и тензичен фудбал имаше и на клупите, каде селекторот на Шведска си поигруваше со колегата од Полска.

Тројно понижување кроз нозе и тоа во женски фудбал

Барселона ја слави двојната круна. Титула во првенство и трофеј во ЛШ каде го совладаа Челси со 4:0. Синоќа ја заокружија сезоната со висок триумф од 8:0 против Атлетик Билбао, а потегот на мечот и сезоната го има Џенифер Хермозо. Во машки фудбал немало вакво орање.

Најмераклискиот дриблинг во Премиер лигата

Снимкава е стара нешто повеќе од 10 години од мечот Тотенхем - Дерби, кога имаше публика нели. Мајсторот е Адел Тарабт, а жртва Крег Фаган. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 30. Безценето.

Дриблинг по кој ти треба кафетин

Ал Хасан Туре е роден во Гвинеја, а игра во Австралија и за Австралија У-23. Ако има паметни скаути кои роварат таму ќе го гледаме наскоро во Европа. Детево е родено 2000-та и нема милост кога го чуваат тројца. Кариера им заврши.

Го имаме ли најјакиот дриблинг во историјата?

Дечки отворете четири очи и за момент паузирајте од трепкање. Па нема бољи бре од ова. Рикаме на глас цела редакција.

Луда соло акција по ораница во Русија, на Ловрен му сврте памет

Рубин Казан успеа да го урне лидерот Зенит и тоа со гол во 90+2' минута. Денис Макаров тргна во една контра и сам ја шина одбраната на шампионот. Толку многу пати го изврте Хрватот Ловрен, што овој добил вртоглавица.

Полека дете, цел Париз го издрибла

Внимавајте добро на седмицата. Прием, потоа класично орање на пола тим како бавча со ролинзи и на крај гол. Билал Камара го погодил градот, ама го утнал тимот. Игра за младинскиот тим на второлигашот Париз. ПСЖ дали се слушаме?

Ги прати на инфективна

Ти чувај го да не ти кидне од напред, а јас ќе му одам од позади и ќе му ја земам. Аха, ќе му ја земеш.

Што е појако, голот или дриблингот?

Сме играле и играме фудбалче по балони, ама вакви нинџи во екипа сме немале. Голманот не мрдна, а тој од негова за глава се држеше. По колку е од човек за терминов? По 150че, ама ти не треба да плаќаш, ние ќе ти плаќаме за цела сезона, само ти играј од наша.

Никогаш повеќе во живот нема да го чувам сам на сам

Од сега или друг нека му оди или нека дојде некој да удвои, бидејќи седмицава од Барса не се чува. Колено ми измести.

Кога ти си Нејмар, а другар ти е со две леви нозе

Ќе ја мислиш, ќе дриблаш, ќе се потиш да се избориш за простор, ќе му ја дадеш, а тој ќе се исправи пред гол како споменик и ќе ти го заебе цел труд. Не го викајте друг пат или стајте го нека дреме во одбрана. Па што?

Уште не се родил дриблер како него

Играше во најголемите светски клубови, а никаде никој од ривалските клубови не го гледаше попреку. Секогаш позитивен и насмеан, а на терен како брз воз. Неговите дриблинзи треба да се изучуваат на катедрите за спорт.

Дриблинг на месецот од Корона

Во мега дербито на португалскиот фудбал, Порто и Бенфика постигнаа вкупно 5 гола, а на крајот се радуваа „змејовите“ од Драгао кои победија 3:2. Еден од најубавите моменти на мечот беше кога десниот бек на Порто Хезус Корона го шекна Оливеира со неколку дриблинзи.

Оди помини го да те видам

Вечер одиме на прасе? Одиме. После одиме на фудбал? Одиме. Ама некој да повредиш некој? Нема бе. Ама немој да мислиш дека зошто сум дебел ќе бранам. Океј бе, играј ако можеш. И можам, ама и знам.

Пуштете му репетиција за да сфати што го снајде

Фудбалот не се игра само на перфектни терени со дренажа, туку и по разни сали, калови, на песок. Битно е да знаеш како да го играш. Овој на пример многу знае со топка, а другиов делува дека ниту нешто знае, ниту па знае каде е. 

Бразилците се мрднати и за ракометни дриблинзи

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја воодушеви цела Европа со волшебниот потег еден на еден против Барселона. Педро Соуза Пачеко од Бразил, сака да ни каже дека магии еден на еден постојат и во ракомет. Каква е оваа еластичност и брзина човече. Го изеде.

Што е овде појако, дриблингот или прославата?

Вака уствари би реагирал Мрме ако ги тепаме Австрија и Израел, а Австријците потоа загубат и од Летонија. Знаете тоа лудо сценарио кај не носи така?

Девојката која отиде на ортопед после дуелов

Најсекси дриблинг еден на еден. Најнепредвидливите движења еден на еден. Најјакото мешање еден на еден и сè нај нај нај. Ја поништи без да ја пипне топката. Каква царица.