Таг: допир

Зошто е толку стресно да не можеш некого да допреш?

Физичкото дистанцирање подразбира дека кога двајца ќе се сретнат треба да бидат прескокнати вообичаените пријателски тапкања, гушкања, ракувања. И ова отсуство на тактилност создава чувство дека нешто недостасува - комуникација со други, физички тела.

Зошто и покрај советите да не се допира лицето не можеме да издржиме а да не го правиме тоа?

Го видовме клипчето на кое жена чита соопштение во кое се препорачува недопирање на лицето заради опасност од пренос на коронавирусот, а потоа си го лизнува прстот за да го сврти листот. Колку и да ти кажуваат дека не треба да го правиш тоа, нагонот за самодопирање е посилен. А тој е забележан и во историјата на уметноста.

Живееме во криза на допирот

Кај нас уште владее порелаксиран говор на телото, кој подразбира дека не е страшно ако држиш некого за надлактица додека му зборуваш, или ако некој те гушне а не сте нешто многу блиски. Дури и непознато дете да погалиш по глава (во присуство на родителот) може некако да пројде. Ама во други контексти сето ова предизвикува скандали. „Аман бе луѓе, допирајте се!“, советуваат психолозите, кои велат дека последиците од отсуство на човечки допир може да бидат погубни по менталното здравје.

Кратка историја на „Да пукне!“

Од 2002 во Америка секој трет четврток од април (значи денес) се одбележува националниот ден на „да пукне“ (National High Five Day). Што треба да се прави на овој датум? Да се „пука“ колку што е можно повеќе, и така да се промовира добра волја меѓу луѓето.