таг: документарец

Нов документарец за човекот кој само еднаш го играл 007
„Како станав Бонд“

Џорџ Лejзенби не е баш име кое некој од нас го поврзува со улогата на 007. Но тој си е самиот виновен - по првиот снимен филм одбил милионски договор за уште шест продолженија, затоа што некој го советувал дека „со Бонд е завршено“. Повеќе

Емотивен расказ за лавовската битка на Рио Фердинанд

БиБиСи сними документарец во кој некогаш најдобриот стопер во Европа и капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација раскажува колку му се сменил животот по смртта на неговата сопруга Ребека после што останува сам со трите деца. Повеќе

Навивачите на Спартак му одговорија на БиБиСи

Дебатата на релација БиБиСи - руски навивачи продолжува. Откако британскиот канал сними документарка во која неколку маскирани навивачи зборуваат за спартанските тренинзи а БиБиСи ги прикажа како хулигани кои се спремаат за војна со противничките ултраси на Светското, одговор стигна изворно од трибината. Повеќе

Кога владата на САД добила Оскар

Во 1964 шефот на Информативната агенција на САД, Џорџ Стивенс помладиот, составил тим кој требало да сними филм под наслов „Деветмината од Литл Рок“. Тој следната година го добил Оскарот за најдобар краток документарец. Повеќе

Документарците за руските хулигани

Минатата недела БиБиСи го емитуваше долгоочекуваниот документарец за организираните руски хулигани кој на Европското првенство во Франција минатата година дојдоа, направија хаос и заминаа. Јавноста не знае што да очекува за време на Мундијалот 2018-та во Русија, па новинарите на британскиот канал помуабетиле со руските хулигани на таа и на други теми. Слично нешто снимаше и Vice. Повеќе

Иги Поп и Уелбек во нов документарец
„Да се преживее: еден метод“

Кога Уелбек како млад живеел во соба со само еден душек во неа, на ѕидот имал постер од Иги. Овој пак во суровиот но хуман песимизам (да, има и такво нешто) на Уелбек ги препознава и сопствените битки. Двајцата сега се протагонисти на нов филм, кој би требало да ги охрабри сите оние млади уметници кои имаат проблем со себе и со светот. Повеќе

Нов документарец за „италијанскиот пастув“
Роко Зифреди рокс

„Патинестиов“ маж на сликава тешко ќе го препознаете дури и ако сте пасиониран љубител на неговите филмови. Затоа што ликот не му е главниот актерски „инструмент“. Порно легендата сега е тема на нов документарец. Повеќе

Новиот филм на Мајкл Мур за Трамп, кој не е за Трамп

Документарецот-изненадување, кој почнал да се снима пред само 12 дена, е многу повеќе обид Мур да ѝ помогне на Хилари Клинтон пред финишот во претседателската трка, отколку што е некаков портрет на Трамп. Ама па не дека е многу нежен кон него. Повеќе

Новиот документарец на Вернер Херцог е за - вулкани

Откако нè запозна со човекот-гризли, нè прошета низ пештерата на заборавените соништа, поживеавме со среќните луѓе во тајгата и ги испитавме егзистенцијалните влијанија на интернет врз нашите животи, сега е на ред Херцог да нè внесе и во вулкан. Со оглед на довербата којашто до сега не ни ја изиграл, изгледа дека и овој пат ќе му се препуштиме. Повеќе