Таг: ДНК

Нов мјузикл ja раскажува вистинската приказна за пронаоѓањето на структурата на ДНК

Претставата „Двоен хеликс“ ѝ оддава признание на Розалинд Френклин, чии истражувања биле од огромна важност за откривањето на структурата на ДНК. Нејзините машки колеги, кои ја добија Нобеловата токму за истото, не ја спомнале ни постхумно. 

Зошто Мара бил убиен во када?

Маченичкиот портрет на францускиот радикал во последните мигови од неговиот живот, е една од најпознатите слики на сите времиња. Но во целата своја драматичност таа крие и една мистерија - од што боледувал Мара, па што морал да лежи во када?

Масив Атак издадоа албум во нов формат: ДНК

По повод 20-годишнината од прекрасниот „Мезанин“, бендот го енкодираше албумот во нишки синтетичка ДНК. Еден спреј може да содржи околу еден милион копии.

Пченицо, прочитана си

Веста гласи дека научници успеале да го декодираат геномот на пченицата. Да не помислите дека е банално, малку контекст: човечкиот геноим има 135 милиони ДНК букви. Оној на пченицата - 3 милијарди! А договорот со Грција го прочитале само 3 посто....

Маалски пацови

Маалата на Менхетен немаат само свои препознатливи ресторани и продавници, туку и свои препознатливи стаорци. „Донесете ми глушец, ќе ви кажам од кое маало е“, велат познавачите.

Научниците складираа подвижни слики во бактерија

Најпрвин известивме дека научниците од Кембриџ успеале да ги сместат сите 154 сонети на Шекспир во човечка ДНК. Потоа дека истото го направи и Мајкрософт, само со „Војна и мир“. Најново е дека истражувачи од Харвард за прв пат успеаа да креираат жива библиотека, вградена во бактерија која на човека му е позната по неубаво.

Никој во Европа не е чист

Најнапредните ДНК анализи ги обесмислуваат оние реакции на континентот дека бегалскиот бран од Блискиот исток ќе ја извалка генетската мапа на Европа. Што се однесува до Балканците, поуката до нив гласи: ако сакате да сте верни на автентичната и повеќе милениуми долга традиција - мотиката в раце.

Форензичарите „за влакно“ ќе поминеа лесно

Форензичките наоди од крим лабораториите се сметаат за несоборливи докази во судските случаи. Ако се прашувате дали тука има простор за грешка, одговорот е има, и тоа многу.

Majкрософт ја напиша „Војна и мир" на ДНК

Во 2013 пренесовме вест дека научниците од Кембриџ успеале да ги сместат сите 154 сонети на Шекспир во човечка ДНК, за да го демонстрираат огромниот потенцијал на генетско складирање. Сега истото, само со „Војна и мир" го направиле од Мајкрософт.

Мојата ДНК е подобра од твојата ДНК

Населението на Бихар, држава во источна Индија која е трета по бројност на населението, собира примероци од сопствената ДНК за да му ја прати на индискиот премиер Нитиш Кумар. Причина: една негова за нив скандалозна изјава.

Ех да беше стрела еволуцијава

Тешко дека ќе најдете нешто попросто од амебата, дури и на македонската јавна сцена. Па сепак, тоа глупо едноклеточно створче има 200 повеќе пати ДНК од Ајнштајн.

За цивилизација во која ништо нема да боли

Нели ви доаѓа кнедла во грло кога лавица ќе ѝ се з'гне на некоја млада и нејака антилопа, и ќе ја направи стек додека си рекол „природна селекција"? Светот би бил поубаво место за живеење, ако традиционалната поделба на ловец и жртва едноставо се укине, велат радикалните екоинженери.

Данците се генетски програмирани да бидат среќни?

Владите на државите кои полошо стојат од Данска на глобалниот индекс на среќата можат да накриват капа: одговорот зошто Данците секогаш се на врвот на среќните луѓе на оваа планета да ти лежел во генетиката.

Италијанецот е турска роба

Тоскана е срцето на Италија чии луѓе од памтивек ширеле пресудни вибрации за целата римска и подоцнежна цивилизација. Со современи ДНК анализи утврдено е дека дошле од Турција.

Реплика од увото на Ван Гог изложено во музеј во Германија

Во напад на лудило или во несреќен случај, увото на Винсент настрадало во далечната 1888. Сега тоа е реинкарнирано, благодарејќи на интересна комбинација на наука, технологија и уметност.

Зини да ти кажам

Конечно постои сигурен начин да се докаже нечија македонштина: брис од грло. Само уште тоа ни фалеше.

Како е можно компанија да поседува човечки гени?

Токму така, да ги поседува (во пазарна, корпоративна и секаква друга смисла) самите човечки гени, не само процедурите за нивно истражување. 

Портрети од отпушоци, мастики и влакна

Хедер Дуи-Хагборг е таканаречен „информациски уметник", таа создава уметност која отсликува различни типови истражувачки резултати. Еден од нејзините проекти - правење портрети врз основа на ДНК анализа на влакна и исплукани мастики за џвакање.

Сите црвенокоси се со педигре

Секој жив човек на планетава кој има црвена коса е директен потомок на првиот човек со таква боја на коса. Најмногу наследници на нултиот црвенокос човек има во Велика Британија.

Бактериолошки исправна поезија

По веста дека 154 сонети на Шекспир и говор на Мартин Лутер Кинг се складирани во човечка ДНК, сега еден поет успеа да ја направи првата поетска - бактерија!

Да се ДНК или не?

Научници успеале да ги енкодираат собраните дела на Вилијам Шекспир и да ги складираат во ДНК. И во човечкиот хард диск останало уште многу место за порно клипови.

Дело натопено во крв

Во 1991, контроверзниот скулптор Марк Квин, познат и по 18-каратната златна статуа на Кејт Мос, почнал да изработува автопортрет, и тоа од 4,5 литри сопствена, замрзната крв. До денес има направено четири верзии.