Таг: денот на победата

Зошто Денот на победата Европа го слави на 8-ми, а Русија на 9-ти мај

Првично германската капитулација е потпишана во францускиот град Ремс на 7 мај и таа не е по мерак на Сталин, ниту по содржина, ниту по тоа каде, ниту кој ја потпишал. Со ова се согласува и Ајзенхауер, па следниот ден, 8-ми, Германија одново потпишува капитулација.

И Русија и Украина ја прославија победата над фашизмот

Сценографијата на двете прослави беше упадливо различна, ама крајната порака беше копи/пејст. Ветувањето и на Путин и на Зеленски е дека победиле тогаш, и дека ќе победат и сега, ко па да може да има некоја вистинска победа.

Русија 24 ќе врти 13 милиони имиња на загинати советски војници во Втората светска војна

По повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија, рускиот државен телевизиски канал Русија 24 ќе ги емитува имињата на околу 13 милиони советски војници што загинале во Втората светска војна. Заради обемот на списокот, емитувањето веќе е почнато.