Таг: денис беркгамп

Најубавиот гол на Мундијалите во 90-та минута

Ако треба да се направи компилација на легендарни голови во нокаут фаза на Светските првенства, тогаш таму сигурно влегува оваа мајсторија која се случи на денешен ден пред точно 20 години. Франк Де Бур од своја половина му дава топка со очи на Денис Бергкамп, овој ја прима најфраерски што може, го праќа Ајала по цигари и го матира Ван Дер Сар. Коментаторот полудува, а Холандија оди во полуфинале.

Како почнала фобијата од летање со авион на Денис Бергкамп

Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.

Најдобрите моменти на Венгер во Арсенал

Денес се случи нешто епохално: Арсен Венгер објави дека заминува од клубот по крајот на сезоната. Кои беа неговите најзначајни моменти со „Топџиите“?

Најубавите моменти на Бергкамп во една минута

За холандската фудбалска легенда е познато дека не одеше на гостување кога требаше да се патува со авион, бидејќи имаше фобија од летање. Тие екипи кои беа далеку од Лондон, можеа само да бидат среќни што не мораа да бараат чаре како да го сопрат. За Арсенал: 315 настапи, 87 гола, 94 асистенции, 3 титули Премиер лига, 4 трофеи ФА Куп. Доживотно ќе му поклонуваат во Лондон.

Денис Бергкамп - човекот со лепак на копачките

Пред 16 години Холанѓанецот го постигна фамозниот гол против Њукасл со кој влезе во легендите. Настрана од тоа голчиште, важеше за фудбалер кој ја лепи топката.

Најскромната ѕвезда што се вози со градски превоз ја однесе својата земја на Светско

Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.

Не се роди повеќе ваков играч во Холандија

Не се обидуваме да ги спориме Клајверт, Ван Нистелрој, Снајдер, Робен, Ван Перси и да не ја рeдиме сега цела плејада на славни Холанѓани во изминативе 20 и кусур години, ама еден е Денис Беркгамп и неговите потези, голови и стил на игра кој има малку примеси на Зидан. Корејанциве уште ја бараат топката.

Навивачите го избраа најубавиот гол во историјата на Премиер лига

По повод јубилејните 25 години од формирањето на Премиер лигата, БиБиСи направи анкета меѓу фановите и за гол број 1 е изгласано ремек делото на холандската легенда Денис Бергкамп против Њукасл кое никој не успеа да го повтори.

Колку само малку му требаше на Денис Беркгамп

Јуни е месец на голем број убави и незаборавни спомени од Светските и Европски првенства. Еден од нив e начинот на кој легендарниот холандски напаѓач ја реши Аргентина во четвртфиналето од СП 1998. Беше 1:1 со головите на Клајверт и Лопез, но во последните мигови од мечот Франк Де Бур и Беркгамп одиграа шах - мат.

Колку се сменија времињата во фудбалот

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата во своето време, Денис Бергкамп добил договор од 25.000 фунти неделно и тоа било ударна вест во сите медиуми. Серхио Агуеро и Вејн Руни денес тие пари ги добиваат дневно.

Денот кога Галатасарај ја покори Европа

На 17. мај пред 17 години, на стадионот „Паркен Стадиум“ во Копенхаген, најславната генерација во историјата на Галатасарај на пенали го победи Арсенал во финалето на Купот на УЕФА и го освои ова вредно натпреварување.

Урнебесната анегдота за Латвиецот кој потпишал во Арсенал

Легендата на Арсенал, Реј Парлоу раскажа неколку настани поврзани со комичниот трансфер на латвискиот стопер Игорс Степановс кој во 2000-те ни крив ни должен добил договор од „Топџиите“. Позадината на трансферот е комедија.

Еден од најубавите голови во кариерата на Беркгамп

Кога и да се прави топ листа на најатрактивни потези или најатрактивни голови во историјата на Премиер лигата, неизбежно да се стави овој легендарен потег на Денис Беркгамп кој се случи пред точно 15 години на дуелот меѓу Арсенал и Њукасл.

„Ќе јадеш порција јајца од овен за да докажеш дека си карактер“

Белгискиот весник Le Soir на почетокот на неделава објави неколку необични ставки од договорите меѓу познати фудбалери и клубовите. Сите податоци на новинарот му ги дале хакери од групата Football Leaks коишто ги плашат фудбалските работници ширум светот веќе една година.

Денис Беркгамп од аматерските лиги

Да, само овој момак кој игра во некоја лига со шума во позадина, може да се пофали дека го повторил делото на легендата на Арсенал.

Среќен роденден легендо со овие 5 гола

272 гола, 3 титули во Премиер лига, 4 ФА Купови и статуа од него до стадион е доволен багаж за Арсенал да му го означи денешниот 47-ми роденден.

Никој не го повтори овој дриблинг како него

2 март 2002 година, Арсенал - Њукасл и еден од најелегантните дриблинзи еден на еден во историјата на фудбалот во изведба на Денис Беркгамп.

Кога синот ќе се метне на таткото фудбалер

Наскоро на дресовите повторно може да читаме Малдини, Клајверт, Беркгамп, Ван дер Сар, но ќе ги носат играчи со други имиња, т.е. наследниците на легендарните фудбалери.

Најскапите трансфери во 90-те

Врвни напаѓачи ја одбележаа оваа декада во која почнаа драстично да растат трансферите. Почнаа со легендарен дефанзивец на Рома, а завршија со едно незаборавно дуо на Интер кое не успеа да му се израдува на Скудетото.

Најдобрите 11 што никогаш не освоиле ЛШ

Просто да не поверува човек дека играчи како Џиџи Буфон, Турам, Ибрахимовиќ и Роналдо никогаш не го кренале ушестиот пехар.

Потегот на Денис Беркгамп пред 13 години

Го сметаат за еден од најдобрите голови во историјата на Премиер лигата, а доколку некој испуштил да види што се случило на 2. март 2002 година на Сент Џејмс Парк на мечот Њукасл - Арсенал ќе види многу поразличен дриблинг еден на еден од оние стандардните. 

Од Амстердам до Лондон, Ериксен како Беркгамп

Заедно со Хари Кејн, Кристијан Ериксен е новиот идол на навивачите на Вајт Харт Лејн. Откако донесе 15 од 40 бодови на Тотенхем сезонава, навивачите на Спарс од него очекуваат најмногу на утрешното дерби против Арсенал.