Таг: демонстрации

Викенд на нереди меѓу англиските навивачи и борците против расизам

Ултра-десничарските групи кои од цела Англија се собраа во Лондон наводно да ги чуваат спомениците и меморијалите во престолнината, се судрија со полицијата, па со демонстрантите од BlackLivesMatter.

Приказна за кошаркарскиот пат на Џорџ Флојд - човекот во чие име протестира цел свет

Името кое најчесто се споменува во светските медиуми овие неколку недели е Џорџ Флојд, Афро-американецот кој беше брутално убиен од полицаец-садист кој со колено го гушеше неколку минути.

Фудбалер од Бахреин преживува голгота поради протести и револуција

Еден од најдобрите играчи во Бахреин пред неколку години бил обвинет дека учествувал во демонстрации против властите во земјата. Оттогаш до денес се моли само да не го вратат зошто знае што го чека.

Боксерот кој ги одбележа протестите на жолтите елеци

Понесен од граѓанскиот гнев, некогашниот боксерски шампион на Франција сам со голи раце излегува пред неколку специјалци во полна опрема и ги поклопува како кегли. Стана херој на „жолтите елеци“ кои собраа многу пари за неговата казна. Полицијата му одговори на Твитер.

Веќе ни политичарите не се тоа што беа

1991-ва, Хелмут Кол како премиер на Германија само што завршува со состанокот во градското собрание во градот Хале. На излегување е пресретнат од група демонстранти кои фрлаат јајца кон него. На ред е Кол.

Психологијата на успешните протести

Тазе студија на оваа тема сугерира дека поголем ефект имат мирните отколку насилните протести. Вториве ќе добијат поголем медиумски публицитет (бидејќи така функционираат медиумите), но истовремено ќе ја поткопаат својата главна цел: да придобијат што повеќе приврзеници.

Америка ќе почне да казнува мирни демонстрации

Додека милиони луѓе протестираа против новиот претседател, во осум американски држави републикански законодавци на големо буткаат закони со кои се криминализира правото на мирен протест. Како оправдание за рестрикциите се наведува сообраќајот, енергетската стабилност, опремата и слично.

За демонстрациите нема Европско

Како што беше најавено францускиот синдикат ЦГТ (Confédération Générale du Travail) во вторникот одржа масовни демонстрации против новиот закон за работни односи, и како што беше очекувано демонстрациите го задржаа стандардното ниво на пресметки со полицијата.

Почина жената за која не постоеше примирје

На 80-тина години живот почина жената која преку три децении секојдневно протестираше пред Белата куќа. Каузата за која се залагаше сè уште е жива. Засега.

Го убиле насилството во него

Дечко и девојка речиси на смрт претепале поранешен цимер бидејќи мислат дека им украл нешто од станот. Еве го твистот: двајцата уапсени се гласни организатори на демонстрации против насилства.

Како завршуваат протестите

Во изминатите години низ неколку држави во светот се повторува истата ситуација - две страни се барикадираат физички и идеолошки, без никаква намера кој било од нив да попушти. И двете имаат исто барање - другиот да си оди дома.

Состојба на постојана револуција

Од Турција до Бразил луѓето излезени на улици му пркосат на солзавецот и ја прескокаат државната цензура, додека државните медиуми станаа единствена публика сами за себе.