Таг: декриминализација

Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

Експериментот што пред 20-на години го почна Португалија со укинување на казните за поседување и користење дрога (вклучително кокаин и хероин) е хвалоспеван и инспирација за слични проекти низ цел свет. Последно од него е дека се претера со декриминализацијата, и малку треба да се стегне.

Ванкувер брои ситно до отворањето на првиот дуќан за хероин и крак

Поседувањето на најтешките дроги за лична употреба на 31 јануари ќе биде декриминализирано во Британска Колумбија, па складно на тоа Ванкувер ќе ја добие својата прва продавница за хероин и крак.

Колумбија се пресрами за кокаинот

Најголемиот производител на кокаин во светот и најголемиот снабдувач на САД со кокаин, Колумбија, има намера да го декриминализира кокаинот.

Марихуана по политичка потреба

Американските Демократи гордо најавија дека ќе буткаат закон за федерална легализација на марихуаната. Демократите можеа да го донесат истиот закон кога Обама беше на власт. Само што тогаш не им требаа младите.

Мајка Русија трпи домашно насилство

Руската Дума во првото читање го одобри предлогот за декриминализација на домашното насилство. Еднаш годишно ако шамараш и боксираш по дома - у реду е.

Митот за декриминализација на проституцијата

Декриминализацијата на трговијата со секс се промовира како нешто кое на жените ќе им обезбеди поголема моќ, и ќе ја ребрендира оваа услуга. Но статистичките и други податоци за земјите во кои проституцијата е легализирана и/или декриминализирана не покажува ваков позитивен тренд, тврди коментаторка на списанието Аеон.