Таг: цртање

Денешните уметници имаат заборавено да цртаат

Поентата на копирањето на постоечки цртежи или сликање живи модели е контрола на очите кои на тој начин се натерани навистина да гледаат, и на раката која е главната алатка на пренесување на виденото на хартија или на платно. Но повеќето уметнички школи денес не изгледаат нешто заинтересирани да ги научат своите студенти на оваа темелна вештина. Тие се фокусираат на други, „потренди“ активности, а оние кои сакаат да учат традиционално тоа најчесто мора да го прават самите. 

Сајт на кој може заеднички да се црта

Draw on This Website е проект кој се обидува од интернет да направи фино место за уметничка соработка. Беше бесплатен цели 24 часа.

Сте чуле за играта „Извонредни трупови“?

Земате ливче и во горниот дел цртате нешто. Потоа го виткате и го давате на следниот. Така додека ливчето не се исполни. На крај отварате и го гледате резултатот. Понекогаш тој е извонреден.

Што прави 11-годишен Нигериец?

Црта хипер-реалистични слики, и тоа ги црта како да не му е ни најмалку незгодно од талентот што го има на само 11 години. Па не само што црта, туку има и цели срцепарателни приказни околу делата.

Скриените значења на детските чкртки

Знаете оние навидум бесмислени линии и форми кои детето ги нанесува на хартија, а потоа вели дека ги претставуваат „мама, тато и јас во парк“? Moжеби ви го кажува тоа само за да ви ја задоволи желбата за реалистично толкување, за што нему не му е многу гајле. Додека во школо не почнат да му бараат поинаку. 

Цртање живот

Дали е цинизам ако е точно, и слични дилеми што доаѓаат од името на мексиканскиот цртач на стрипови "Илустриран цинизам", кој успева снајперски да ги удене твоите проблеми без никогаш да те запознае.

Цртај бе братучед, цртај

Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас.