Таг: циркус

Циркус и филозофија - како да учиш за Аристотел додека жонглираш

Оваа работа е „циркус“, обично велиме за нешто што е несериозно и кое оттаму освен забава не може да понуди ништо поинакво. Всушност циркусот е институција пар екселанс, каде организацијата, дисциплината и напорната работа е секојдневие. Зошто тогаш тоа да не се искористи во подучување, на пример, филозофија?

Приказната за Карла Валенда - една од ретките кои починале од природна смрт во семејството на акробати

Kога пред неколку години една 81-годишна госпоѓа успеа да се искачи на 26-метарски столб и да изведе акробатска точка, сето тоа без сигурносна мрежа, многумина се прашаа - од каде искрсна оваа жена? Она што тие не го знаеа е дека нејзината дотогашна кариера траела цели седум децении, и дека таа е меѓу ретките преживеани од нејзиното семејство, чии членови често страдале од падови при изведба на слични точки. Преживеале, и старост дочекале само оние кои по пат се откажале. Освен Карла. 

Сопственикот на циркус кој умре бранејќи го својот лав

Канарски острови. 1930-тите. Кога од Големиот југословенски циркус кој гостувал таму избегал лав, жандармите почнале да пукаат. Марко Ѓорѓевиќ, директорот на циркусот, умрел бранејќи го.

„Дебелата Розика“: приказната за жената тешка 270 килограми

Во ноември 1929 во Белград пристигнала необична атракција - жена тешка 270 килограми, за која весниците пишувале дека ѝ се потребни две столици за да може да седне. Тие повикувале народот да ја види во живо, а влезницата чинела два динари. 

Бизарната атракција на коњи што скокаат во вода

Во средината на 1880-тите на пристаништата во САД и Канада се организирале претстави чија главна точка била тоа што коњ бил качуван на скокалница некогаш висока и 20 метри, и бил теран да се фрла во водата. Среќа за коњите што денес луѓето имаат поинакви занимации.

Филип Глас има нова циркуска опера, а со хорот диригира Македонка

На 84 години, Глас не престанува да експериментира со жанрови. Овој пат станува збор за „Деноноќниот циркус“, чија премиера се одржа во оперската куќа во Малме на 29 мај, онлајн и во живо. И еден куриозитет - со хорот диригира нашата Елена Митревска.

Советскиот анти-расистички филм од 1936

„Ексцентрична музичка комедија“ - вака бил опишан филмот „Циркус“ во времето на неговата премиера. Но од денешна гледна точка тој содржи многу повеќе од музика и хумор.

Најбезумната лига во Европа се игра во Романија

Ако мислите дека најневозможните и смешни сцени се концентрирани само во мак-фудбалот, тоа значи дека едноставно не сте слушнале ништо за романскиот. Толку многу апсурди на едно место.

Циркусот Мејведер - Мекгрегор го упропастува боксот

Еден од најголемите боксери во историјата, олимпискиот златен медал Оскар Де Ла Хоја вели дека секојдневниот панаѓур што го прават Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор пред нивниот меч, сериозно го нарушува угледот на овој витешки спорт.

Ико и Еко: браќата албиноси кои настапувале како циркуска атракција

Нова книга под наслов „Трувajн: двајца браќа, киднапирање и потрагата на една мајка“ на Бет Мејси е посветена на животната приказна на двајца албино браќа со афро-американско потекло, кои биле грабнати и присилени да настапуваат во циркус во 1920-тите.

Се сеќавате ли на голманот Пинто?

Сме гледале циркуси од Игита, од Кањизарес, од лудиот Молина, од најдобриот голман голгетер Рожерио Сени, од маскирниот Рушту Реџбер. Но ретко кој од нив беше циркусант како резервниот голман на Барселона Хозе Мануел Пинто.

Циркуска претстава на лондонски гробишта

Австралиската циркуска трупа Цирка под раководство на Јарон Лифшиц, која брои околу 20 луѓе, се обидува да ја издигне оваа изведувачка уметност над нивото на спектакл, комбинирајќи ја со музика, поезија, театар и архитектура.

Животот е циркус

Одамна во нашиот град не дошол асален циркус, кој би нè оставил без здив. Или пак ние сме остареле и сме заборавиле да им се радуваме. Дека сепак порано циркусот нудел многу повозбудливи доживувања од сликање со пони покажуваат и овие постери. 

Гласот на Худини

Деновиве после подолго време повторно се активираа автомобилите со мегафон, кои најавуваат атракција во градов. Не, не мислиме на изборите, туку на вистински циркус. На оваа снимка од 1914 славниот Худини рекламира една таква точка, која според него не е никакво чудо, туку чиста манипулација, и со тоа ја нагласува нам познатата разлика меѓу занаетчија и циркузант.