Таг: челси

Сите ќе ве претрчам на Стемфорд Бриџ

Антонио Рудигер во класична бековска соло акција кога на тимот не му оди, а тој стиска на R2 и рине до крај од пуста желба да даде гол. Ако го дадеше, сите ќе го збореа.

Ждрепка за Лига на шампиони: Николов против Реал Мадрид и Интер, ПСЖ на Сити

Вечерашната ждрепка за групната фаза од новата сезона во Лига на шампиони донесе фантастични групи и навивачите ќе гледаат неколку мегдани.

Фото на денот

Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.

Челси го освои Суперкупот на Европа, блесна 22-годишен дебитант кој е дете на клубот

Еден од најдобрите фудбалери во Суперкупот на УЕФА кој Челси го доби на пенали против Виљареал, беше 22-годишниот стопер Тревох Чалоба кој за првпат заигра за првиот тим на „сините“ кои до сега го праќаа на разни позајмици.

Пред 7 години не го сакале ни во четврта лига, живеел во гарсониера, сега освои Лига на шампиони

Кариерата на Едуар Менди, првиот голман на новиот европски шампион Челси е како интересна книга со среќен крај.

Маестралниот тренер на Челси кој работел како шанкер знаеше како да прослави титула

Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.

Најсмешниот момент на финалето со судијата Лахоз

Искусниот шпански арбитар беспрекорно си ја изврши задачата во финалето на Лига на шампиони меѓу Манчестер Сити и Челси. Во еден момент џентлменски му подаде рака на Рудигер па културно му покажа жолт картон за грубиот прекршок над Де Брујне.

Челси е шампион на Европа, грандиозно финале на Лига на шампиони

Пред 14.100 гледачи (официјално од УЕФА) на велелепниот „Драгао“ во Порто, Челси со маестрална тактика поставена од Томас Тухел, заслужено по втор пат во историјата ја освои титулата во Лига на шампиони. Првпат после 2012-та година и десантот во Минхен на Дрогба.

Гужвата на Стемфорд Бриџ

Секој сака да игра во Лига на шампиони, особено кога се наоѓаш во таа зона, а губиш и ти гори во последно коло. Лестер синоќа загуби од Челси, а со тоа го загуби и третото место, па играчите ги загубија и нервите.

Конечно фудбал со навивачи - 20.000 гледачи на Вембли за финале на ФА Куп

До толку се одвикнавме од преполни трибини во Европа што финалето на англискиот ФА Куп каде Лестер со 1-0 го совлада Челси беше право уживање за фудбалските гурмани.

Челси одржа час по фудбал и се пласираше во големото финале

Откако првиот меч во Мадрид заврши 1:1, вечерва на „Стемфорд Бриџ“, Челси го совлада Реал со 2:0 и заслужено ќе игра во големото финале на Лига на шампиони против Манчестер Сити.

„Он ќе ужива во Лига на шампиони, а девојката лежи во гроб“

Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.

Компилација од сите утки на Вернер

Во Битола некои би го викале зицеро ама некои и љуфнатио. Од почеток беше шала, ама ова што се случува со екстремно скапо платениот центарфор на Челси веќе преминува во сериозна работа. Просто да нема меч да не утне зицер и тоа го фрустрира Германецот кој во Лајпциг беше неверојатен егзекутор.

Акробација на Бензема и гостински гол на Челси за неизвесен реванш во Лондон

Првото полуфинале во Лига на шампиони е само најава за големата неизвесност која ќе следува на реваншот, барем што се однесува до екипите на Реал Мадрид и Челси кои ремизираа 1:1. Пулишиќ отвори, Бензема врати. И двата гола паднаа во прво.

Парола на денот

Фразата „Студена зимска ноќ во Стоук“ еднаш ја искористи коментаторот Енди Греј и таа е синоним за традиционален фудбал, со пивце, гостување, воз, другари и песна. Далеку од комфорот и удобноста на топлите ВИП ложи каде се гоштеваат бизнисмените кои не го чувствуваат фудбалот со душа, па би да прават пари од него.

Реакцијата на навивачите кога дознаа дека Челси се откажува

Навивачите на Челси жестоко протестираа против Суперлигата и бараа нивниот клуб веднаш да се повлече. Излегоа на улица со димни бомби и разни пароли од кои дел беа упатени кон Роман Абрамович, а на протестите се појави и Петр Чех.

Фудбалска Европа ја потресе земјотрес, доцна вечер основана Суперлига, УЕФА беснее

Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.

Пирови победи на Баерн и Порто, Челси и ПСЖ се полуфиналисти

Во спектакуларен реванш кој донесе еден куп шанси, стативи, пречки, прилики пред двата гола, Баерн Минхен оствари пирова победа од 0-1 во Париз и само поради повеќе примени голови дома испаѓа во 1/4 финале. Чудесни ножички на Тареми од Порто.

На снег во Минхен, Мбапе сервираше студена одмазда, Челси издоминира

228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.

Сакал да биде пилот, на 25 години завршил кариера и стана светски тренер со ПСЖ и Челси

Германската девиза дека рецепт за успех е талент 10% а 90% макотрпна работа и труд, најдобро може да се види преку примерот на човекот кој со голем успех ги тренираше Мајнц, Борусија Дортмунд и ПСЖ а сега руши рекорди со Челси.

Што славје ќе беше ова на Стемфорд Бриџ

Голем триумф на Челси против Атлетико Мадрид од 2-0 и пласман во четвртфинале на Лига на шампиони. На трибини Тиаго Силва, Жоржињо и Мејсон Маунт, секој од разна причина отсутен. Дава во 90+4' минута левиот бек Емерсон гол за триумф и тројцава полудуваат од радост.

Баерн рутински со Лацио, Челси го елиминира Атлетико Мадрид

Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.

Дали е Атлетико оштетен за чист пенал со Челси?

Многу спорна одлука се случи на реванш мечот меѓу Челси и Атлетико Мадрид од 1/8 финале на ЛШ. На првиот дуел Челси славеше 0-1 на неутрален терен во Букурешт, а на реваншот во Лондон Атлетико уште во 27' минута можеше да добие пенал и евентуално да ја надомести негативата.

Од советски војник до милијардер газда на фудбалски клуб

На нет се врти една мошне интересна колоризирана фотографија, веројатно од средината на '80-те години од минатиот век. На неа е човекот синоним за богатство и газдинство.