Таг: Чарлс Симиќ

Добитникот на Струшкиот венец: Сè што сакав е да пишувам песни од кои нема да се срамам пред пријателите

Да го искористиме моментот дур уште „се јава на бранот на еуфоријата“ во врска со СВП, за да проговориме за важните работи. На пример за тоа кој е овогодинешниот добитник, за кого никој не се сети да крене џева. А човекот самиот си кажува дека не само што не е некој генијален поет, туку дека има и побитни работи од поезија. На пример - полнење стапици за глувци со путер од кикирики.

Зимски филозофи

Теле кое збунето зјае во полјаната прекриена со првиот снег, езеро кое неодлучно се подготвува да смрзне, мачки стуткани крај нечиј прозорец, ние дур гледаме во чадот кој се извива од оџакот на соседната куќа. Сите зиме стануваме филозофи, чувствувајќи болка за која не можеме да најдеме рана, туку која прави само подобро да погледнеме во себе.

Клозетска муза

Српско-американскиот писател Чарлс Симиќ, добитник на Пулицер за поезија, има и не така необична страст - читање во ВЦ. „Ако сте како мене, тогаш сигурно имате нешто за читање во тоалетот. Што и да е", признава тој за New York Books Review.