Таг: брза храна

Здравје со одложен оргазам

Заради нивната достапност и човечката мрза, оние машини со грицки и чоколатца се сметаат за едни од најголемите виновници на американската дебелаана. Сега пробуваат да ги превоспитаат на еден многу чуден начин.

Еволуцијата немоќна против џанк фуд

Се што милиони години е впишувано во кодот на штрковите е разбиено од триесетина години изложеност на брза храна, па сега птициве одбиваат да ја прават редовната преселба на југ затоа што се навлечени на отпадоците од џанк фуд.

Африканци на брза храна и Американци без брза храна

20 американски волонтери решаваат да ја направат најголемата жртва во животот и наместо регуларна американска брза храна исхрана да се префрлат на исхрана со помалку масти и повеќе влакна. За да не настане нарушување во космосот во исто време 20 волонтери од рурална Африка ја напуштаат својата исхрана и ќе јадат брза храна.

Трошокот на минималната плата

Работниците во фаст-фуд рестораните низ САД што се на минимална плата минатата година добиле помош од Владата од околу 7 милијарди долари. Во исто време најголемите фаст-фуд компании направиле профит од 7,4 милијарди долари.

Обама да почне со манџи

Докторите од Вашингтон имаат проблем со кампањата на Обама, поточно со делот со јадење хамбургери и хот-дог пред фотоапаратите.

Хајка по килограмите

Ужаснати од проекциите дека до 2030 година речиси половина нација ќе влезе во категоријата дебели, британските лекари ја обвинија владата за млитава политика за справување со овој проблем и побараа неколку радикални решенија.