Таг: Боб Марли

УЕФА не му дозволи на Ајакс да игра со детал на дресот посветен на песна од Боб Марли

Правила се правила, велат од Нион каде стриктно се држат до прописите, дури и во ситуација кога некаде во Европа има симпатична приказна за романтичен фудбал.

Кога син му на Боб Марли пееше за навивачите на Ајакс

Легендарниот хит 'Three Little Birds' од реге авторот Боб Марли веќе неколку години важи за химна на навивачите на Ајакс. Ја пеат каде и да одат, а еднаш специјално за нив ја испеа син му на Боб, Ки-Мани Марли и тоа на стадионот на Ајакс „Јохан Кројф Арена“ на полувреме од меч во Лигата на шампионите.

Ирски прволигаш ќе носи дресови со ликот на Боб Марли

Љубовта на Боб Марли кон фудбалот била можеби и поголема од страста за музиката. За 38-годишнината од неговиот настап на стадионот во Даблин, Бохемијан ќе игра во дресови со неговиот лик.

Приказна за фудбалскиот пат на Боб Марли и смртта по фудбалска повреда

Најпознатиот реге пејач во историјата и најголемиот Јамајчанец на сите времиња, Боб Марли буквално спиел со фудбалска топка под перница. Ја користел секоја пауза на пробите да поигра фудбал а после тешката повреда му забраниле да шутира, но љубовта била посилна.

„Шерифот“ на Боб Марли е песна за контрацепција?

Последниве неколку години терминот „усна историја“ се прелеа од сферите на етнологијата, антропологијата и историјата во популарната култура. Па има усна историја на Саут парк, на Терминатор, на порното, и што уште не. Нова книга со овој термин во насловот се однесува на ликот и делото на Боб Марли.

Боб Марли сопатник на навивачите на Ајакс и во финалето

Со Three little birds ја започнаа и ја завршија убавата европска одисеја. Ја пееја во Атина, во Виго, во Лиеж, во Варшава, во Копенхаген, во Гелзенкирхен, во Лион и на крајот во финалето во Стокхолм.

Навивачите на Ајакс со Боб Марли и во Лион

Фантастичната сезона на нивните клинци, кои направија чудо со пласманот во финалето од Лига Европа, навивачите на Ајакс ја бележат со песната Three little birds од Боб Марли. Каде и да гостуваше Ајакс, секаде ја пееја, па така беше и синоќа на дождливите улици на Лион каде еден уличен свирач се наполни со парички.

Навивачите на Ајакс со Боб Марли одат во полуфинале

Најмладиот тим во завршницата на Лига Европа направи неверојатен подвиг откако со играч помалку во продолженијата му даде два гола на Шалке на гости и се пласираше во првото полуфинале после 97-ма година. Момците дојдени од Амстердам прикладно го прославија пласманот со хит на Боб Марли.

На Хусеин Болт не му оди баш пеењето

Откако освои злато на 100 метри, Хусеин Болт во Рио го очекуваат уште две дисциплини во кои е главен фаворит за златниот медал. Во меѓувреме покажа дека нема баш слух и глас за пеење. Проба со песна од Боб Марли.

Венгер го слуша само Боб Марли

Легендарниот француски менаџер изјави дека ужива додека го слуша регето на Боб Марли во секоја прилика и тоа му е инспирација во стресната работа.

Писателот чиј прв роман бил одбиен 78 пати доби Букер

Марлон Џејмс од Јамајка ја доби наградата за неговиот роман инспириран од обидот за убиство на Боб Марли во 1970-тите.