Таг: биографија

Пикантерии за Ана Винтур од неавторизираната биографија

Модната новинарка Ејми Одел напиша книга за уредничката на Вог што излезе минатата недела и полна е со тајни и приказни за животот и кариерата на Ана Винтур.

Кој бил вистинскиот Раскољников?

Славното дело на Достоевски, „Злосторство и казна“, објавувано во делови во Санкт Петерсбург во 1866, било делумно инспирирано од сензационалистичката сторија за еден париски убиец-поет чие судење писателот опсесивно го следел.

Париската куртизана што мирисала на јастог и шампањ

Во архивата на париската полиција се чува дебел том со кожен повез, кој ги содржи досиеата на група жени наречени Les Insoumis - Бунтовнички. Меѓу нив и на една нагалено наречена „Каро“.

Kласичарот кој го „убил“ Хомер истражувајќи низ Југославија

Приказната за делото и трагичниот крај на животот на Милман Пери може да биде еп самиот по себе. Тој е значаен не само за класичните студии и проучувањето на Хомер, туку и како етнограф кој ги регистрирал епските песни на гусларите од некогашна Југославија.

Мачниот живот на Марија Калас: нова биографија на оперската дива

Нова книга, која ќе излезе на 1 јуни, содржи до сега необјавени писма на Калас, во кои се открива дека таа била дрогирана, сексуално малтретирана и злоупотребувана дури и од најблиското семејство.

Пелтечење, семејни трагедии, мисли за самоубиство: животната приказна на Џо Бајден

За да го надмине пелтечењето кое го мачело цело детство ги рецитирал Јеитс и Емерсон пред огледало. А во двата мемоара кои ги има напишано до сега отворено зборува за трагедиите кои го имаат снајдено. Ако ништо друго, за ваков човек е сигурно дека знае да застане на нозе кога животот го кутнува.

Зошто Рут Бадер Гинзбург е легенда?

25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.

Чарлс Дикенс бил погребан со почести спротивно на неговите желби

Ново истражување ја открива шемата, испланирана од најдобриот пријател на Дикенс, викторијанскиот писател да биде погребан во Вестминстер, крај своите славни колеги, и покрај експлицитното противење на писателот.

Најголемиот изум на Томас Едисон

Не била ни сијалицата, ни фонографот, ни подвижните слики. Најголемиот придонес кон технологијата на Едисон се состоел во новиот начин на размислување за неа.

Приватниот живот на Бајрон

Досегашниот стереотипен портрет на романтичниот поет го прикажуваше како безгрижен бонвиван. Нова биографија раскажува малку поинаква приказна.

Човекот кој си играше со оган: нова книга за Стиг Ларсон

Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.

Tрагичната приказна за „женскиот Бајрон“

„Загубениот живот и скандалозната смрт на Летиција Елизабет Ландон“ е нова книга која раскажува за славна поетеса од 19 век, чиј живот криел мрачни тајни.

Првата режисерка во историјата номинирана за Оскар

Италијанската режисерка, на која денес малкумина се сеќаваат, го отворила патот за нејзините колешки кога во 1977 била номинирана за филмот „Седум убавици“.

Чарли Чаплин - безмилосен бизнисмен и егоцентрик?

Нова книга покажува дека голем број музички успеси кои му се припишуваат на славниот режисер всушност биле резултат на кражба на туѓ труд. Бил генијален, ама и опседнат со комплетно авторство.

Малку познатата биографија на Вирџинија Вулф на едно куче

Флаш е кокер шпаниел кој ѝ припаѓал на позната викторијанска поетеса. Вулф го искористила миленичето за да напише дело на кое самата не била горда, и кое денес е подзаборавено, но кое е визионерско за времето во кое настанало.

Несфатениот Ниче: не бил ни десничар, ни намќор, а ни женомрзец

Германската радикална десница се крстела во идеите на Ниче, но тој всушност го мразел антисемитизмот. И не е само ова - Ниче не е сфатен по повеќе основи, тврди нова биографија.

Лажниот поглавица: најголемиот измамник од 1920-тите

„Џезд“ во 1920-тите (ерата на џезот) не асоцирало само на тип музика, туку било и придавка која означувала склоност кон алкохол, трикови и измами.

Мистеријата на Декарт: што мислел додека постоел?

Нова биографија се обидува да ни го прикаже во малку поинакво светло од класичните истории на филозофијата ликот и делото на францускиот филозоф, кој го поминал поголемиот дел од животот во Холандија.

„Луд по тоа да си нормален“ (Mad to be Normal, 2017)

„Р.Д. Лејнг бил откачен тип. Некои би рекле дури и - луд“. Вака го почнавме освртот кон книга на македонски автор која се занимаваше со ликот и делото на овој контроверзен шкотски психијатар. Сега за него има и биографски филм.

Како Робин Вилијамс му го скршил носот на Де Ниро и други работи од неговата нова биографија

По уникатно богата децениска кариера и веројатно подеднакво долга борба со депресија и пропратни проблеми, Робин Вилијамс во 2014 си го одзема животот со бесење. Месецов Дејв Ицкоф од Њујорк тајмс ја објавува биографијата за Вилијамс „Оружја за самоуништување“.

Нова биографија на Енрико Ферми, таткото на нуклеарното доба

Неговото име не е толку познато како оние на Ајнштајн, Фејнман или Хокинг, но тој е еден од најголемите физичари на 20 век. Нова книга се занимава не само со неговото дело, туку и со неговата контроверзна личност.

Помеѓу фактите и измисленото во „Јас, Тоња“

Обидете се да занемарите дека се работи за филм за уметничко лизгање. Затоа што тој е многу повеќе од тоа.

Трамп има помалку кредибилитет од кој било што некогаш одел по Земјата

Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“

„Допир од далечина: Иан Кертис и Џој дивижн“ од Дебора Кертис

Неодамнешната промоција на македонското издание на оваа книга почна со спојлер - дека главниот лик се има самоубиено. Но и целата книга како да е еден голем спојлер за сите оние кои во младоста беа (или кој знае, можеби уште се) хипнотизирани од прерано згаснатиот младешки гениј на Иан Кертис.