Таг: Бил О' Рајли

О'Рајли ќе биде попратен со 25 милиони долари

Добро за О'Рајли во целата работа е што кратко пред да излезе скандалот тој потпиша обновување на неговиот 4-годишен договор со Фокс. Па сега како дел од спогодбата за раскинување со телевизијата, тој ќе добие 25 милиони долари.

Проблемот со гадливоста на пребеганите спонзори на Бил О'Рајли

Очекувано Фокс њуз го продолжи 18 милиони долари годишно вредниот договор на Бил О'Рајли. Неочекувано, минатиот викенд Њујорк тајмс објави дека О'Рајли и Фокс во текот на неколку години им исплатиле 13 милиони долари на 5 жени, во замена за нивно откажување од тужбите против него за сексуално малтретирање. Очекувано некои од најголемите спонзори на О'Рајли решија да ги прекинат своите договори со шоуто.

Што треба да направи Бил О' Рајли за да добие отказ?

Од расизам и ксенофобија па до сексуално предаторство кон колешки, Бил О' Рајли ги прекрши сите можни медиумски и цивилни правила. А на другата страна на вагата има само една ставка - човекот му прави многу пари на Фокс. 

Си бил О'Рајли, ама без децата

Популарниот и ултра богат водител на Фокс е највлијателниот медиумски јуришник на конзервативната Америка, онаа која се колне во религиозноста и  семејните вредности. И, штотуку го изгуби старателството над своите деца. 

Судирот на титаните

Бил О'Рајли ја промовира новата книга. Промоцијата му е кај Џон Стујарт. Промоцијата е само алиби за седнат и да се распердашат за сè што до сега им било на срце.

Блиски блиски, исток исток

Тероризмот, бруталното кршење на човековите права, немирите и војните од кои Блискиот Исток злопати во последниов половина век, според медиумскиот шаман на американските конзервативци е дело на - хипиците.