Таг: баерн минхен

Баварците ја збудалеа на прва статичната одбрана на Интер

Баерн Минхен уште во прво коло на гостувањето во Милано ја покажа силата во групата на смртта во ЛШ. Го совладаа Интер со 0:2, а за вториот гол Сане и Коман си поигруваа со дефанзивците, за на крај Д’Амброзио сам да си ја збрца во гол.

Јан Зомер одлепи против Баерн со невидени 19 одбрани

Ако не ви е јасно зошто Баерн Минхен не успеа да ја победи дома Борусија Менхенгладбах, па дури и се вадеше 1:1 со голот на Мане на 7 минути до крај, тогаш погледне што чуда на гол им правеше Зомер. Според порталот Who Scores, во Бундеслигата и општо во топ 5 лигите во Европа, немало до сега голман со 19 интервенции откако ОПТА се занимава со статистика од 2009-та.

Тренерот на Баерн со мегафон им се заблагодари на вработените во клубот

Баерн Минхен со шампионско расположение го одржа првиот тренинг по освојувањето на 10-та титула по ред во Бундеслигата. Шампионите добија аплаузи, ама не беа заборавени ниту оние кои работат во позадина за клубот.

Каков Виљареал ќе беше ова, голот на Баерн висел цела вечер

Додека сите очи синоќа беа повеќе вперени кон Стемфорд Бриџ каде гледавме дуел на титаните, во Шпанија Баварците и добро што поминале со 1:0.

Ги видовте ли двете луди полувремиња на Атлетико и Баерн?

Можеби ги игравте на спортска или можеви ги рипнавте на спортска, па сега се каете откако видовте колку голови паднаа. Како и да е, имаме понеделнички спортски преглед на две меча кој не е за испуштање.

Како навивачите на Барса гледаат вечерва ЛШ

Баварската машинерија води 3:0 и со 5 од 5 оди на победа и против Барселона, на која па очајно и се потребни 3 бода. Во меѓувреме од Минхен, одиме во Барселона:

Туку што беше со голот на Левандовски?

Во 5. коло од групната фаза во Лига на шампиони, гигантот Баерн Минхен ја преброди студената снежна вечер во Киев и со 1-2 го доби Динамо и Баварците со 15 бода (учинок 5-0-0) се апсолутни лидери на табелата. Роберт Левандовски даде страшен гол во 14' минута за 0-1, еврогол кој уште долго ќе се врти по најавни шпици.

Баерн нема да плаќа невакцинирани играчи во изолација, тренер на Вердер Бремен обвинет дека имал лажен сертификат

Германската јавност се соочува со жестоки дебати и дискусии какви што има во секоја земја. За или против вакцина е прашањето кое се поставува често.

Докторската петица на Гнабри

27 гола паднаа вечерва во Лига на шампиони. Секоја чест за слободните удари и општо голчиштата од далеку, ама овој пат признанието за гол на вечерта оди без конкуренција кај Гнабри.

Одбраната на сезоната во Бундеслига е против Левандовски

Ајнтрахт Франкфурт го победи Баерн Минхен на гости по пауза од 21 година, а Баварците се соочуваат со пораз на домашен терен после после 30 натпревари и скоро две години. Ова што му го фати Кевин Трап на најмоќниот голгетер во Европа е за медал.

Го видовте ли голчиштето на Сане?

На Баерн Минхен да не му отиде човек на гости, бидејќи не знаеш од кај ќе удри. Во шеснаесетник раат немаш од Левандовски, како и од Милер, а што се случува кога ќе се обиде Лирој Сане да ја нафрли?

Тренерот на Баерн Минхен сака модерна револуција - фудбалери да носат наушник

Јулиан Нагелсман (роден 1987, има 34 години) е најмладиот германски тренер во Бундеслига а веќе има сериозна биографија на клупите на богати гиганти.

Да не и фалеше случајно некој на Барса?

Барселона синоќа се пресметуваше против Баерн Минхен со новото напаѓачко дуо Депај - Де Јонг, но без четворица во навала Агуеро, Дембеле, Фати и Брејтвејт, кои се повредени. Него за друг ни е муабетот.

Баерн моќен на Камп Ноу, Барселона очајна без Меси

За прв пат во историјата Барселона губи дома три меча по ред во ЛШ на домашен терен, а загриженоста треба да им биде уште поголема бидејќи немаа ниту еден удар во рамки на гол. Јувентус мина рутински во Шведска, а Лукаку му донесе 3 бода на европскиот првак.

Бомбастичен гол на Лајпциг против Баерн

Баварците со 1-4 го прегазија најголемиот конкурент за титулата сезонава, РБ Лајпциг, ама единствениот гол за домашните кој го распали Конрад Лајмер беше за најавни шпици.

Во Баерн мора да се зборува германски, професорот кој ги учи странските играчи е шампион

Голем клуб со такво реноме не остава ама баш ништо на случајот. Затоа и важат за најсредениот колектив во Европа. Имаат вработено професор по германски јазик и книжевност кој секојдневно работи со странските играчи.

Цел свет зборува за Кристијано Роналдо, но кој е дискретниот јунак од Иран Али Даеи?

Во претходните десетина години на секој гол на Кристијано Роналдо за Португалија, коментаторите изговараа: „Со овој гол Роналдо му се приближи на вечниот Али Даеи на 21, 20, 19 гола... итн“. А Иранецот е права легенда.

Двометарски ролинг на колото од џинот на Баерн

Никлас Зиле е висок едно метро и 95 сантиметри. Игра стопер за Баерн и репрезентацијата на Германија а чудно со него е што често знае да тргне во напад и залетан да влегува во дриблинг. Некогаш му успева некогаш не. Минатиот викенд против Келн направи и ролинг ама изгледаше чудно:

Клупската икона Карл-Хајнц Румениге си оди од Баерн после 58 освоени трофеи

За тоа како Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге го кренале Баерн Минхен на највисоко ниво и го направија најуреден клуб на светот треба да се напише книга. Со домаќинско работење до полна каса и полн музеј трофеи.

Мали не заигруваш ти пак во Баерн

20 годишниот Џошуа Зиркзе на почетокот на годинава беше испратен на позајмица во Парма. Епа нека се спрема за нова сезонава, бидејќи ваква ноншалантност пред гол во Минхен се не простува. Баерн и Ајакс одиграа 2:2.

Опасно добра акробација на Келн против Баерн

Германските бундеслигаши одиграа пријателски натпревар со втори екипи. Келн славеше 3:2, а потегот на мечот ала Златан Ибрахимовиќ, го изведе Марк Ут.

Кралот кој 10 години не бил во финале на ЛШ, сега е близу тој натпревар

Манчестер Сити го сврте првиот полуфинален дуел со ПСЖ за само седум минути и од негатива 1:0 на крај славеше 1:2 па така стана фаворит за финале.

За тренер никогаш не е платено толку - Баерн реши да даде 25 милиони за Нагелсман

Пред неколку недели се појави вест дека Ханси Флик ќе стане селектор на Германија наместо Јоги Лев, па Баерн тргна во потрага по негов наследник. И за брзо време најде.

Зошто Германците мудро не се фатија за орото?

Во неделата доцна вечер 12 европски клубови објавија дека ќе основаат Суперлига. На тој список ги нема Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Тие решија да останат верни на УЕФА и правилата.