Таг: бадвајзер

Бадвајзер ќе ги паузира рекламите за Супер боул

Ајнхајзер-Буш годинава нема да пушти ниту една реклама за Бад во рекламните блокови на најголемиот спортски настан во САД. Наместо тоа парите што инаку би ги потрошил на реклами, ќе ги даде за зголемување на свесноста за вакцинација од коронавирусот.

160 голмани на кои Меси им дал гол, ќе добијат уникатно шише пиво

Од еден куп рекорди, последниот остварен е можеби најневеројатен. Лионел Меси во вторникот го постигна својот 644. гол за Барселона и стана прв играч на светот со толку погодоци за само еден клуб. Претходно рекордот го држеше Пеле.

Голманот на Египет одбил награда за играч на мечот поради пивара

Фудбалерите на Египет беа тврд орев за Уругвај во вториот меч од првото коло во групата А, а и покрај поразот од 1:0, голманот на Египет беше прогласен за најдобар поединец на мечот.

Како одат заедно фудбалот и алкохолот?

Овие две индустрии речиси отсекогаш оделе рака под рака. Скоро е невозможно некој да не знае за фразата „со пивце да гледаме фудбал“. Од кога датира врската на фудбалот и пивото и каде првпат се рекламирани алкохолни пијалаци на дресовите?

Кинески Бадвајзер

И тоа има, фејк Бадвајзер во лименка. И не знаеш што е полошо, тоа што е лажњак или како го полнат.

Бадвајзер пак со кутриња за Супер Боул

Ланската реклама на Бадвајзер со лабрадор и коњи на ЈуТјуб имаше 55 милиони прегледувања. За годинешнава ова го знаеме: во снимањето учествувале 8 кутриња (иако гледамe само едно), кутрињата биле на возраст меѓу 11 и 12,5 недели, коњите тренирале 3 месеци за да се искоординира нивното трчање, снимано е во декември во Калифорнија.

Бадвајзер против Бадвајзер и возење

Лекција од Бадвајзер за правење реклами против пиење и возење пијан. За почеток земи лабрадор. Потоа сите ќе те догледаат до крај, без разлика колку е тажно.

Што е со кучињата и рекламите

Бадвајзер, Ауди, Чобани и Шевролет се само дел од компаниите кои решија баснословно скапото време што го купија на паузите од Супер Боулот да го пополнат со кучиња. Човек што се разбира во кучиња и луѓе, објаснува зошто.

Расположение на денот

Земаш кутре, коњ и фарма. На сето ова му додаваш некоја од оние нежните музики и добиваш фантастична реклама што ќе се обиде да завладее со Супер Боул.

Проблем со името, пивско решение

Токму така, проблем со името, кога две страни не можат да се договорат кој има право да го користи тоа име. Проблемов трае многу подолго од овој нашиот во Грција. И згора на сè, има едно решение кое ни се чини згодно да се разгледа, додека се пие пиво после уште една рунда неуспешни преговори.

Како знаеш дека претерале со социјални медиуми

Затоа што последните 5-6 години покажа дека социјалните медиуми и алкохолот се одлична комбинација, Бадвајзер изработи чаша за пиво која автоматски те поврзува на Фејсбук.