Таг: астрологија

Омилениот астролог на Хитлер

Се викал Карл Ернст Крафт, бил образован како за научник, но се занимавал со нешта кои денес ги сметаме за псевдо-наука. Во времето на подемот на национал-социјализмот тој имал специјален статус помеѓу бројните окултисти и „пророци“ кои работеле за режимот.

Aстрологот кој помогнал да се победи Хитлер

Интересна приказна за писател, по хоби астролог, кој станува продолжена рака на британското разузнавање. Неговите „предвидувања“ всушност имаат за цел не да прорекуваат, туку да ги предизвикуваат настаните. Кој знае колку такви астролози има меѓу нас денес.

Се тетовиравте ли по новиот астролошки знак?

Како по социјалните мрежи толку брзо и ефикасно се рашири гласината дека НАСА ги сменила зодијачките знаци и дека многумина сега се во нов знак? Исто како и во природните мрежи: треба да постои некое срање и доволно муви говнаруши тоа наоколу да го дистрибуираат.

Зошто астрологијата нема врска, во 1 минута

Астрономија - наука за небеските тела. Астрологија - нагаѓање во празно. Дури и да е точно целото нагаѓање за иднината (а не е), има еден огромен пропуст во основата на која се базира хороскопот - ништо не е на свое место како некогаш.

Руски страв од кинеската змија

На вечната дилема "змија или магаре," рускиот одговор недвосмислено би гласел - магаре! Русија толку пати во историјата се има изгорено од годината која по кинескиот хороскоп е во знакот на змијата, што нејќат да ја видат. А им почнува денес.