таг: арборист

Одмаздата на градинарот

Ако сме прецизни, човекот е арборист (да, како Дејан), што во превод значи некој кој професионално се занимава со одгледување и изучување дрвја. И ретко кој станува арборист заради слава, туку најчесто тоа се прави од љубов кон дрвјата. На истиот овој човек, градските власти и придружен апаратчик предводен од градоначалникот решаваат да му го исечат 30-годишното здраво дрво во двор, затоа што почнало да им го поткопува тротоарот. Како што решаваат така и прават. По нив, доаѓа на ред тој. Повеќе

За предрасудите кон дрвосечачите

Додека некаде сечеме некое дрво, поминуваат многу луѓе. Некои се восхитуваат на тешката, прецизна и одговорна работа и нè пофалуваат. Но, ќе помине и по некој кој ќе ни префрли лош збор. Некои такви коментари се тивки, едвај чујни. Но, понекогаш доаѓаат луѓе и за да се расправаат и да навредуваат. Одвреме-навреме слушам и на медиумите како се оцрнува мојот занает. Значи, ни негативните коментари за дрвосечачите не се реткост. Затоа, во овој текст ќе зборувам за вистината за правите дрвосечачи. Повеќе

Стресот од сечењето опасно дрво
Како да му помогнеш на дрвосечачот?

Во претходната статија пишував општо за хазардните дрвја. Во оваа ќе кажам како да се справиме со нив. Од сите дрва што еден професионален дрвосечач некогаш ќе треба да ги одржува или сече овие ќе му направат најголем стрес, а понекогаш и на сопствениците на такви дрвја, ако се воопшто свесни за опасноста. Повеќе

Ем нач’чкано, ем со сила геометриско
Состојбата со јавното зеленило, втор дел

Во претходната статија зборував за состојбата на јавното зеленило по градовите низ Македонија. Наведов неколку проблеми и сугестии. Во оваа реков дека ќе кажам нешто поконкретно за јавното зеленило во главниот град. Повеќе