Таг: анатомија

Восочни чуда: жената од 18 век која изработувала совршени анатомски модели

Во 1762 една госпоѓица му испратила на данскиот крал необичен подарок - совршено прецизни восочни модели на човечки органи.

Жената чие тело ќе живее вечно

Сузан Потер го донирала своето тело на науката. Од тогаш тоа било замрзнато, пресечено со пила на четири дела, 27.000 пати сецкано и после секој рез фотографирано. Резултатот: виртуелен труп кој (буквално) ќе им зборува на студентите по медицина од гробот.

Научи анатомија со Џејмс Бонд 007

Во сцена од „Утрешнината никогаш не умира“, двојната агентка Ваи Лин го закачува Бонд за туш со лисици и го остава таму. И додека во оваа сцена поголемиот број луѓе гледаат еротски момент на доминација на жена врз моќен маж, други гледаат можност за изучување анатомија.

Луѓе, ај честито нов орган

Откако ние паметните надмено ги баталивме бајачките и бабините деветини и нашите тела и здравје комплетно им ги доверивме на науката, официјалната медицина допрва открила нов орган во човчекото тело. А тоа значи нова серија болести.

Играчки со анатомска поента

Уметникот Џејсон Фрини (Jason Freeny) ја открива анатомската градба на омилените ликови на децата - Марио, Мики, Барби, Кити. Разликата во детските реакции на нив и оние на возрасните кажува нешто за нашиот однос кон сопствените крв и месо.

Микеланџело на медицината

Наскоро од печат ќе излезе биографија на Френк Нетер, несуден сликар, кој по желба на мајка му станал доктор, но и најпознат современ медицински илустратор.