таг: африка

20 милиони луѓе се пред умирање од глад, а на медиумите им е гајле само за Трамп

Пораката е од Дејвид Бесли, поранешен гувернер на Јужна Каролина, а денес генерален директор на Светската програма за храна на Обединетите Нации, според кого тоа што моментално се случува во делови од Африка не се "лажни вести, туку реалност". Повеќе

Зошто Кина учи африкански јазици?

Годинава на распоредот на кинескиот универзитет за дипломати ќе бидат додадени за учење 11 нови јазици, меѓу кои и тигриња, ндебеле и коморски, инаку локални јазици во некои од стратешките области на Африка. Повеќе

Мигранти се продаваат на отворени пазари по Либија

Оние африкански мигранти кои ќе стигнат на кое било европско тло, макар не стaпнале во италијанско Лече туку во Македонска Kаменица, можат да слават не втор туку трет живот: ги преживеале не само тоа брановите во кои се гине масовно туку и либиските пазари на кои се продаваат како робови. Повеќе

Во Африка уште прават црни магии на фудбал

Во финалето на Африканскиот Куп на Нации за играчи до 20 години меѓу Сенегал и Замбија имаше чуден момент. Додека еден Сенегалец се спремаше да изведе слободен удар, негов соиграч извади мртов лилјак и го фрли во противничкиот гол. Повеќе

Камерунецот со 21 браќа и сестри кој стана дел од „Непобедливите“ на Арсенал
Лорен Бисан Етаме

Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал. Повеќе

Сахара го бира најдобриот

Африканската фудбалска конфедерација ја објави кратката листа од пет кандидати за наградата најдобар играч на Африка која ќе се доделува на 5 јануари. На списокот го нема Јаја Туре кој беше „претплатен“ на оваа награда. Повеќе

„Ми се смееа за скинатите копачки, а јас сакав само да играм“
Најскапиот африкански фудбалер на светот - Садио Мане

Goal.com неодамна објави интервју со крилото на Ливерпул Садио Мане којшто раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“. Повеќе

Собирал парички од говорница, сега е играч на месецот во Манчестер
Ерик Баји од Брегот на Слонова Коска

До пред четири години не играл фудбал 11 на 11 и не знаел како изгледа тоа, сè додека скаутите на шпанскиот Еспањол не го откриле на еден турнир во Буркина Фасо. Со жена му се запознал во телефонска говорница во Абиџан, а сега бараат стан во Манчестер. Повеќе

Казнети затоа што го сакаат фудбалот

Од крајност во крајност е состојбата на стадионите во Нигерија и Македонија. Кај нас доаѓаат 200 луѓе од кои 100 пцујат, 50 грицкаат семки, а 50 само чекаат кога ќе примиме гол затоа што ја играле во кладилница. Во Нигерија друга слика. Таму на мечот против Египет во март на стадион со капацитет од 16.000 дошле околу 40.000. Безбедноста намалена, ризикот голем колку и љубовта кон репрезентацијата. Повеќе