Со Termin.mk отсега до слободни термини со попуст

Иновативната интернет алатка за брза и ефикасна проверка и резервација на слободни термини во свадбените локации, спортско-рекреативните центри и игротеките, Termin.mk, воведе нова дополнителна услуга со која секој Ваш резервиран термин ќе стане огромна заштеда.

Отсега Termin.mk не само што овозможува најбрзо да дојдете до слободните термини на посакуваните локации, туку и Ви нуди неверојатни попусти кај сите услуги кои се поврзани со Вашата свадба, роденден на Вашето дете или пак спортска активност по принципот "Се на едно место". Имено Вашата венчаница, машко одело, покана за свадба, фото студио, свадбена торта, музичка група, декорација, аниматор, детска играчка, фудбалска опрема итн. ќе чинат значително поевтино благодарение на тимот на Termin.mk.

Единствено што треба Вие да направите е следното:
1. Да испратите онлајн барање за термин
2. Да го резервирате терминот во локацијата каде што сте го испратиле барањето за термин (најчесто резервирано значи оставен аванс во самата локација)
3. Да го контактирате Termin.mk дека терминот е успешно резервиран

По исполнувањето на горенаведените чекори сите попусти кои тимот на Termin.mk ги обезбедил ќе Ви бидат достапни, со можност за Ваша заштеда и до 500 евра.

Преку Термин.мк покрај одговорите на Вашите прашања: Кои се местата и како изгледаат локациите? Кои се слободните термини? Дали има доволен капацитет? Кои се цените и начини на плаќање? Каков вид на логистика и опрема имаа објектите? Отсега ќе имате информација и за поврзаните услуги (опис, адреса, фотографии, производи, попусти).

Од тимот на Termin.mk најавуваат дека започнуваат со база од над 40 локации со попусти која секојдневно ќе се зголемува и во блиска иднина ќе Ви биде овозможен уште поголем избор.
Пребарувајте термини, испраќајте онлајн барања, резервирајте ги посакуваните и купувајте паметно.

24 октомври 2014 - 15:42