Вашето „јас“ е тестостерон

Неколку приказни во одличната епизода на „Овој живот американски`“на Ајра Глас, ќе ве натераат да си размислите до која мерка нашето однесување  го контролираме „ние“ а колку нè контролира хемијата наречена тестостерон.

Тестостеронот го викаат хормон на желбите. А желбите, како што нè учеше Фројд, се гласно сексуални. Без него нема желба, кога нема желба, нема ни мисла. Можеш да зјапаш во ѕид по неколку часа, да станеш и изедеш парче леб со мајонез и повторно да се вратиш. Маж со сериозно намален тестостерон губи воља за било што, и сè му е рамно. И сè му е убаво, и сè му е прекрасно и сите ги сака.....

*****

Жена која сака да биде трансродов маж, се надева дека голема количина на тестостерон ќе ѝ помогне да се чуствува како маж. Со тоа, се надева, нејзините врски со други жени ќе добијат подобра емотивна смисла. Се разочарува кога сфаќа дека мажите со набиен тестостерон ги интересира претежно само секс. И не ѝ се допаѓа тоа. Сака да биде жена која сака жени на женски начин. Одеднаш, наместо општествени теми, почнуваат да ја интересираат природните науки....

 

16 мај 2017 - 13:26