Што е тоа што една фотографија ја прави незаборавна?

Како може фотограф да направи фотка за која ќе биде сигурен дека ќе биде впечатлива? Зналците знаат а на оние кои допрва почнуваат, науката им препорачува да ја баталат природата, без разлика дали е тоа планина, езеро, водопад или факинг еделвајз.

Фотографиите со вакви мотиви се едни од најмалку препознатливите, сугерира алгоритам на МИТ навежбан да препознава впечатливи фотографии на ниво на човечка перцепција.

Наместо да се опседнуваат со композицијата на делот од шумата кој го сликаат или пак на фокусот на некоја оросена темјанушка, на новајлиите им е попаметно да останат дома и да сликнат  некој свој живописен пријател или барем дел од уникатен мебел, бидејќи тоа ќе им даде помоќни резултати.   

Што всушност се памти? Луди и контра-интуитивни слики вршат работа, вели искуството на алгоритмот. Графит на сообраќаен знак, откачена фотеља, сумо борач кој влечка санка за скијање, гол човек со маска од мечка, такви работи, кој што има во близина.

Конфликтот и напнатоста победуваат, сликите од "кул" спални соби предизвикуваат зевање.

На сајтот на истражувачите можете да проверите и некоја фотографија од својата архива за да видите колку е таа незаборавна.

Не заборавете да кликнете тука.

30 декември 2015 - 10:26