Година на брзите усти

Индипендент состави листа на изјави дадени во 2014-та за кои вели: "среќни сте што вие тоа не сте го кажале".

Џентлмен на годината

Веројатно би требало да ве нарекувам бабо -  принцот Вилијам на средба со Хелен Мирен.

Големец на годината

Кога слетавме во Велс, мислев дека сум во земја на Хобити. Сите беа мали, и куќите беа мали и пишувањето беше обратно - Дејвид Хаселхоф.

Алиби на годината

Изгубив рамнотежа, телото ми стана нестабилно и паднав на противникот. Во тој момент удрив со забите во него и си нанесов голема болка - Луис Суарез.

Политичко откритие на годината

Големите нации се засноваат на организирани принципи. А "не прави глупости" не е организиран принцип - Хилари Клинтон.

Пуштање на годината

Тој има толку убаво тело и навистина преубави нозе. И е тенок, висок, има убава кожа и продорни сини очи кои ги сакам. Ги сакам тие очи - Венди Денг, екс сопругата на Руперт Мурдок, за привлечноста на Тони Блер.

Младинец на годината

Кој би сакал нив да ги види? Група избрчкани стари луѓе кои се обидуваат да ја оживеат својата младост и да згрнат многу пари  - Мик Џегер (71) за Монти Пајтон.

Втор младинец на годината

Стар мајмун со артритис кој на сцена пробува да изгледа млад - Елтон Џон (67) за Кит Ричардс (71)

Филмска исповед на годината

Некогаш имам грижа на совеста околу филмовите. Особено во авион кога имам на располагање куп добри арт филмови кои знам дека ќе ги памтам цел живот, и наместо нив, завршувам гледајќи го Тор -  Дејвид Мичел, авторот на Cloud Atlas

Преживувач на годината

Многу мои поеми се за тоа како сум болен и како веројатно нема да ја доживеам следната недела. И ќе ја објавам поемата и сите викаат "браво, колку прекрасно, колку храбро". А јас сè уште сум жив! Го гледате проблемот? - поетот Клајв Џејмс, смртно уплашен од својата бесмртност.

Монархист на годината

Ако го победиме Бразил, сакам да ме бубне британската кралица - Марио Балотели, човек со чудни страсти.

27 декември 2014 - 14:31