Не го прашуваш Кевин Спејси за приватни работи

Кога ќе дојде до откривање детали од неговиот живот, Кевин Спејси го решава проблемот онака како што тоа би го решил Френк Андервуд, неговиот карактер оd House of Cards: Нема што муабет да се прави за тоа.

Кевин Спејси неодамна дал екстензивно интервју за The Hollywood Reporter  но прекинал веднаш кога почнала заинтересираноста за неговиот живот.

Едноставно, Спејси не зборува за тоа со новинари.

Ваквата практика веројатно датира од 1997-ма, кога магазинот Есквајер објави негов профил со наслов: "Кевин Спејси има тајна" во кој се шпекулираше за неговите сексуални преференци. По објавувањето, неговиот агент ги повика сите колеги да избегнуваат да ги даваат своите ѕвезди на Есквајер.

И оттогаш, Спејси нема зуцнато за својот приватен живот.

"Оставете ги луѓето да живеат како што сакаат: Ничија свеќа не горела до зори и сите ние на крајот ќе бидеме судени од многу поголема сила отколку што тоа е Entertainment Weekly," изјави Спејси на оваа тема.


Во интервју за Daily Beast од 2010-та, тој рече дека никогаш нема да зборува за својот живот, повлекувајќи јасна линија за тоа што може јавноста да дознае, линија која многумина ѕвезди намерно сами ја преминуваат.

"Јас сигурно сум поинаков од она како што некои луѓе би сакале да сум. Не ми го продавајте она за јавниот интерес. Тоа е срање. Ничиј приватен живот не е од јавен интерес. Тоа е чисто озборување. Крај на приказната", вели Спејси.

7 април 2014 - 18:44