Директоре, алал да ти се парите

Неколку минути пред првата пауза за ручек во првиот работен ден од годинава, топ 100-те најплатени канадски ЦЕО веќе заработија повеќе пари во 2017 отколку што просечниот работник ќе заработи во текот на целата година. Просечната канадска плата е околу 35.000 евра (49.510 канадски долари).

Во 2015 просечниот ЦЕО од топ 100 најплатени, заработил 6,7 милиони евра. Нивната плата изнесува 290 пати повеќе отколку просечната плата во земјата. Во САД оваа разлика изнесува 340 пати.

Бројките ги следи Канадскиот центар за алтернативи на политики. Тие прв пат ги мерат ЦЕО-та во 1995, тогаш им ги броеле парите на топ 50, кога нивните плати 85 пати поголеми од просекот во земјата. Со адаптација на инфлацијата растот на платите на ЦЕО од 1998 до денес изнесува 99%, споредено со канадскиот просек од 9%.

Овие од центарот објаснуваат дека растот на платите им минимална врска со подобра заработувачка или подобри перформанси на компанијата. Според нив најголемиот напредок се базира на резултатите на компанијата на берзата, заради што ЦЕО-та се заинтересирани само за резултатите на компанијата на краток рок, што пак охрабрува потези како масовно отпуштање со цел да пораснат акциите на компанијата.

Во топ 100 листата има само две жени, и претежно е "англо-саксонски протестантски машки свет". Прв на листата е Мајкл Пирсон од Валент Фармасеутикалс, кој во 2015 заработува 130 милиони евра, што е седум пати повеќе од второпласираниот.

4 јануари 2017 - 10:57