30 години подоцна, сè уште е подобро да издадеш плоча отколку пријател

Пред точно 30 години, на 22 февруари 1987 година, КУД Идијоти завршија со снимање на своето прво дискографско издание, шест години после формирањето на бендот.

Пулските панкери Сале Веруда (гитара), Туста (вокал), Фриц (бас) и Птица (тапани), за само три дена снимија четири песни кои се најдоа во ЕП албумот “Подобро да издадеш плоча отколку пријател“.

Истата година излезе и нивниот сингл со подеднакво интригантен аланфордовски наслов „Да бидеме солидарни со богатите“ кои ги донесува песните Лутке на концу, Бела чао и Како да живим без пара.

1987 година ја претставуваат Југославија на фестивал на Медитерански земји во Италија каде решаваат да ја тестираат толерантноста на домаќините па ја запукуваат партизанската Бела Чао. Италијанските карабињери немаат баш разбирање за „провокацијата од комунистичката земја“ па им го прекинуваат настапот.  Така почнува по медиумите да се тркала приказната за овој жесток и ретко поштен бенд.....

Чао Туста.

* А за шлепањето на познати рокенрол химни заради градење имиџ - еве тука

23 февруари 2017 - 16:58