Порно не е родово спорно

Ако црквата, најнеподносливите фракции на феминизмот или некој друг авторитет ви ја имаат всадено вината што гледате порно, шејм ноу мор. Не посто никаква причина да се срамите од историјата на вашите веб пребарувања.  

Радикалните феминистки кои ја критикуваат порнографијата, затоа што таа според нив поттикнува „култура на силувања" и друг вид насилство врз жените, неодамна беа демантирани од нова студија. Оние што гледаат порно не само што не се женомрсци, туку се дури и полиберално настроени од оние кои сметаат дека порното е ѓаволска работа.

Андра Дворкин, радикалната феминистка која тврдеше дека „сексот е само начин физиолошки да ја потчиниш жената", целиот живот го посвети на борба против индустријата која според неа е соучесник во ваквото насилство врз жените преку производство на порно содржини и индиректно, преку општествените ефекти на истото - охрабрување на мажите да ја еротизираат доминацијата, понижувањето и малтретирањето жени.

Нова студија објавена во Journal of Sex Research под наслов „Дали порнографијата навистина прави да ги мразиме жените?" вели дека ситуацијата е обратна - оние кои гледаат порно имаат родово поегалитарни ставови отколку оние кои не го прават тоа, во односот кон жени на позиции на моќ, жени кои работат вон домот и во однос на правото на абортус. Освен тоа, корисниците на порнографија не се разликувале значајно од другите во нивните ставови кон традиционалното семејство и во самоидентификацијата како феминисти. Накратко, резултатите на студијата сугерираат дека гледањето порно не мора да биде поврзано со шовинистички и деградирачки ставови кон жените, и дека радикалната феминистичка теорија ја има утнато работата.

Текстот завршува со реченицата: „Во светлина на изнесените докази, анти-порнографската реторика, која тврди дека 'порното покажува како изгледа крајот на светот' не може да се потврди".

Науко, што пиеш?

22 септември 2015 - 09:44