Што вака подуени?

Дански научник нуди прекрасна теорија за смирување на совеста за нашата килажа. Ни брза храна ни чмаење пред ТВ/ компјутер - стануваме дебели од воздухот што го дишеме.

Следејќи податоци за тежината на луѓе во последниве 22 години, Ларс Георг Херсуг утврдил дека дури и слабите луѓе добивале на килажа. 

Подоцна утврдил дека зголемувањето на гојазноста е еквивалентна на количината CO2 во воздухот.

И главно, тоа е тоа.

Нè дебееле јаглерод диоксидот а него го има се повеќе. Јбг, што се може?

Тој претпоставува дека влијанието на овој гас се одвива преку хормонот орексин, одговорен за потрошувачката на телесната енергија.

Данецот наведува дека гојазноста во САД vо периодот 1986-2010 ратсе најбрзо на источниот брег, токму онаму каде што има највисоки концентрации од јаглерод диоксид. Наведува и студија со 20.000 лабораториски глувци кои добивале на тежина а иако биле под контролиран режим на исхрана.

Од друга страна, факат дека слабеењето може да му помогне на светот. Со оглед на тоа што испуштањето јаглерод диоксид при дишењето е пропорционално со човековата маса, доколку сите тешкаши во светов ослабат само 10 килограми, емисијата на јаглерод диоксид ќе се намали за 49.560 метрички тони годишно, што изнесува 0,2 проценти од вкупното количество на овој гас во атмосферата.

15 март 2012 - 13:56