Гугл школа за новинарство

Ова е минимумот што треба да го знае секој со тастатура што инсистира да пишува / гуши по интернет. Курсот се однесува на техничкиот дел од работата со вести, како да најдеш, каде да најдеш, како да направиш мапа, правење видеа, дали е вистина или не, и слични. вештини. Има 13 лекции, кои сигурно некој би сакал да ти ги шитне како курс, и сите 13 се гага. Плус на крај полагаш тест, да видиш колку не знаеш.

Лекциите се:

- Напредно пребарување.
- Пребарување и верифукување слики.
- Работа со Гугл трендови.
- Гугл алерти.
- Работа со архивата на вести на Гугл.
- Гугл сколар.
- Курс за Гугл стрит вју.
- Како да креираш мапи за твоите вести.
- Гугл њуз лаб.
- Некакви техникалии околу содржините на Гугл.
- Вовед во Јутјуб академија и од каде да почнеш.
- Гугл преведување.

Фаќај се со учење, тука

29 април 2017 - 18:10