Да ве запознаеме со Дигиталната библиотека на Македонија

Како дел од Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски, функционира нешто што се вика - Дигитална библиотека на Македонија. Називот е комплетно самообјаснив, одделот работи на дигитализирање на македонските книги и останатите печатени материјали (слики, разгледници, мапи) на тема Македонија. Се што ќе дигитализираат, или во пдф или во јпг, го ставаат кај нив на сајт бесплатно достапно за секого.

Тарашкањето по материјалите може да се прави класично со пребарување збор, а има поделба и по колекции (списанија, книги, музички збирки, карти, уметнички слики и слично), по година на издавање, автор на материјалот, наслов или клучни зборови. Плус има опција за креирање на сопствен профил.

Клик тука