Совети за добро пишување од Дејвид Огилви

Во 1982-ра основачот на Огилви и Матер, Дејвид Огилви, на своите вработени им испраќа меморандум со совети за пишување. Во меморандумот им нагласува дека прецизното, остро и јасно пишување е единствен начин за напредување во компанијата. Ова е неговиот допис:

Колку подобро пишуваш, толку подалеку ќе стигнеш во Огилви & Матер. Луѓето кои мислат убаво, пишуваат убаво.

Доброто пишување не е природна дарба. Треба да научиш како да пишуваш убаво. Еве 10 совети:

1. Прочитајте ја книгата за пишување на Роман - Рафаелсон*. Прочитајте ја 3 пати.

2. Пишувајте како што заборувате. Природно.

3. Користи кратки зборови, кратки реченици и кратки параграфи.

4. Никогаш не користи жаргонски термини како реконцептуализација, демасификација, критизерски. Тие се обележја на вообразени магариња.

5. Никогаш не пишувај повеќе од две страни на која било тема.

6. Провери ги наводите.

7. Никогаш не испраќај писмо или меморандум на истиот ден кога си го напишал. Следното утро прочитај го на глас - и потоа поправи го.

8. Ако е нешто важно, најди колега што ќе го подобри.

9. Пред да испратиш писмо или меморандум, осигури се дека е кристално јасно што бараш примателот да направи.

10. Ако сакаш АКЦИЈА, не пишувај. Оди и кажи му на човекот што сакаш.

* Writing that works

11 ноември 2013 - 14:35