Писмо на Ајнштајн до синот

На клавирот свири ги оние композиции кои ти годат, дури и ако учителот не ти ги дал за задача. На тој начин најмногу ќе научиш бидејќи кога правиш нешто во што уживаш, нема ни да забележиш дека времето минува.

Двата негови сина, Ханс Алберт и Едуард "Тете" живееле со нивната мајка Милева во Цирих. Писмото е до Ханс Алберт, кога имал 11 години.

Драг мој Алберте,

Вчера го добив твоето писмо и бев многу среќен. Веќе се уплашив дека можеби никогаш повеќе нема да ми пишеш. Кога бев во Цирих, ми рече дека ти е непријатно да доаѓам таму, па мислев дека е подобро да се гледаме на некое друго место каде што никој нема да го ремети нашиот комфор.

Морам да инсистирам секоја година да поминеме еден месец заедно, за да видиш дека имаш татко кој многу те сака. Тогаш би можел и да научиш доста работи од мене, оние на кои никој друг не би можел да те научи. Она што јас сум го постигнал со напорна работа, не сакам дa биде достапно само на туѓинци, туку и на моите синови. Овие денови завршив еден од најубавите трудови во мојот живот, кога ќе бидете постари, ќе ви објаснам за што се работи.

Многу ми е драго што си нашол среќа во свирење клавир. По мое мислење, тоа и столаријата што ја сакаш за твои години се најдобрите преокупации, дури подобри и од школото. На клавирот свири ги оние композиции кои ти годат, дури и ако учителот не ти ги дал за задача. На тој начин најмногу ќе научиш бидејќи кога правиш нешто во што уживаш, нема ни да забележиш дека времето минува. Јас понекогаш сум толку окупиран со мојата работа што заборавам и да јадам.

Праќам бакнежи за тебе и Тете.

Поздрав за мама.

18 февруари 2015 - 11:03